Се множат проблемите на лидерот на британската популистичка десница

ВЛАДАН МАРЈАНОВИЌ
Откажувањето од пратеничкото место само за веднаш повторно да се кандидира за него, е најновиот во низата потези на Фараж за да го сврти вниманието од суштината: дека милионите фунти што ги добил како наводен „личен подарок“ никако не можат да се сметаат за негова приватна сопственост.
Можеби не било секогаш така, но Најџел Фараж – кој со децении беше најуспешниот британски „продавач на магла“ (единствен конкурент за таа титула некое време му беше поранешниот премиер Борис Џонсон) – води живот полн со благодети.
Лидерот на десничарската популистичка партија „Реформа“ не само што е најзаслужен поединец за излегувањето на Велика Британија од Европската унија, што беше негова животна мисија (иако неговата одбојност кон ЕУ не го спречи повеќе од 20 години да зема висока плата како пратеник во Европскиот парламент), туку во подоцнежните години дочека и конечно да влезе во Долниот дом на британскиот парламент во 2024 година, од осмиот обид. Неговата партија, создадена со преименување на партијата „Брегзит“, се издигна до статус на најпопуларна во земјата, создавајќи ситуација во која сериозно се разгледуваше можноста тој да стане премиер по следните избори (кои, сепак, нема да се одржат пред 2029 година). И конечно, тој успеа максимално да ги искористи својата препознатливост и весел карактер, како и демогошката прифатливост на своите залагања – за сопствена корист и за корист на партијата.
Фараж сега е милионер, а Партијата за реформи – која континуирано води во анкетите уште од мај минатата година – е убедливо најдобро финансираната британска партија: од април 2025 до март оваа година, таа добила 26,7 милиони фунти во донации, што е повеќе од вкупниот износ на донации за владејачката Лабуристичка партија (10,8 милиони) и главната опозициска Конзервативна партија (15,5 милиони) заедно. Ова може да ги збуни оние што не се упатени или наивните, доколку не се земе предвид фактот дека во актуелниот состав на Долниот дом, кој брои 650 пратеници, партијата на Фараж има седум пратеници, наспроти 403 од Лабуристичката и 117 од Конзервативната партија.
Сепак, сите тие милиони не можат да се гледаат низ иста призма. Во случајот со Лабуристичката партија, на пример, огромното мнозинство од донираните средства потекнува од уплати на синдикатите органиации поврзани со неа, што значи дека се собрани голем број поединечно мали прилози, првенствено во форма на синдикални членарини. Спротивно на тоа, дури 71 отсто од регистрираните донации за Партијата за реформи во споменатиот период доаѓаат од само двајца спонзори, и тоа (како што би се рекло, не случајно) со многу сличен профил: Кристофер Харборн и Бен Дило.
И Харборн и Дило се милијардери со сомнителни деловни биографии; инвеститори кои своите деловни империи ги изградиле во светот на криптовалутите; и кои долго време живеат – или живееле – надвор од Британија: првиот во Тајланд, вториот во Хонг Конг. Притоа, Дило (кој во 2022 година во САД беше осуден на условна казна од 30 месеци затвор поради кршење на Законот за банкарска тајна, а во 2025 година доби помилување од Доналд Трамп) неодамна се врати во татковината. Како што вели тој, со единствен мотив: да ја заобиколи неодамна воведената законска граница од 100.000 фунти за политички донации од британски државјани кои живеат во странство, и на тој начин да продолжи да ѝ уплаќа на партијата на Фараж колку што сака, директно од дома. Лабуристичката влада во моментов се соочува со повици да воведе лимит од 100.000 фунти за сите политички донации, а не само за оние од Британци кои живеат во странство.
Само Харборн донираше 15 милиони фунти за Партијата за реформи. И токму една од уплатите на Харборн беше воведот во сегашните проблеми на Фараж.
Сè започна со откритието на „Гардијан“ во април дека, по изборите во 2024 година на кои стана пратеник, Фараж пропуштил да го извести парламентарниот комитет за стандарди дека – додека сè уште бил „цивил“ – Харборн му исплатил пет милиони фунти (номинално за покривање на трошоци за обезбедување и други расходи), иако законот го обврзувал на тоа: парламентарните правила бараат секој нов пратеник да ги пријави сите приходи и подароци од последните 12 месеци пред преземањето на должноста. Бидејќи уплатата формално имала карактер на „личен подарок“, а во моментот кога била извршена тој сè уште не бил пратеник, Фараж инсистира дека не сторил никаков прекршок. Сепак, Комитетот за стандарди не го делел тоа мислење, па покренал истрага која сè уште трае и би можела да резултира со казна во форма на суспензија, односно привремена забрана за вршење на пратеничките должности. А доколку суспензијата трае подолго од десет дена, тоа би отворило можност за петиција – која мора да биде поддржана од најмалку десет проценти од гласачите во изборната единица на Фараж – со која би се побарало одржување нови избори за пополнување на тоа пратеничко место. Во овој случај не се спомнува можноста за покренување кривична истрага поради евентуално перење пари.
Ова беше доволно за да се стави Фараж под притисок. Како е можно наводниот заштитник на заборавените и запоставени обични Британци од естаблишментот да не го смета за релевантен фактот дека некој милијардер со сомнително потекло – инаку и самиот богат – му мавтал со пет милиони пред очи? Впрочем, ова не влијаеше врз резултатот на реформистите на локалните избори во Англија во мај, каде што тие поминаа многу добро (иако не толку добро колку што се најавуваше); но продолжи видливо да го иритира самиот Фараж, кој беше принуден постојано да се брани од непријатни прашања.
Потоа, на почетокот на јули, „Сандеј тајмс“ откри дека – пред изборите на кои Фараж ќе освои пратеничко место – Партијата за реформи примила уплата и од Џорџ Котрел. Тој со години бил дел од најтесниот круг на Фараж, но дотогаш за него се знаело малку со сигурност. Сега се знае повеќе, и тоа не е ништо добро: од фактот дека повремено лажно се претставувал како шеф на кабинетот на Фараж (иако никогаш не ја извршувал таа ниту која било друга официјална функција во партијата), па сè до многу поважната информација дека тој е уште еден инвеститор во криптовалути – и уште едно лице со криминално досие.
Кога требало да се врати во Британија од Националната конвенција на Републиканската партија во 2016 година, каде што бил заедно со Фараж, Котрел бил уапсен на американско тло под сомнение за перење пари, измама и изнуда, за што му се заканувала затворска казна до 20 години. Сепак, тој некако постигнал спогодба со обвинителството, убедувајќи ги дека всушност се обидувал да измами одредени криминалци нудејќи им услуги за перење пари, кои всушност имал намера да ги задржи за себе; на крајот, отслужил само осум месеци затвор.
Фараж го направил тоа со една привремена и една долгорочна цел. Привремената цел била постигната во моментот кога била потврдена неговата оставка, бидејќи таа автоматски ја прекинала споменатата истрага на Комисијата за стандарди: Парламентот не може да истражува некого што не е негов член. Но, овој автоматизам важи и во спротивна насока: ако тој повторно победи на изборите во Клактон-он-Си, Есекс – а тоа и ќе се случи, од причини што наскоро ќе бидат наведени – тој ќе се врати во Вестминстер, а истрагата веднаш ќе продолжи.
Сепак, долгорочната цел на Фараж јасно покажува колку е тој всушност нервозен. Потегот со оставката и повторното кандидирање требаше да му овозможи да ја врати контролата врз наративот – која ја беше изгубил – обидувајќи се да го претстави гласањето што самиот го иницираше како судир меѓу „народот и естаблишментот“; станува збор за фикција во која тој, иако е олицетворение на самиот естаблишмент, се претставува како народен претставник.
Се испостави дека случајот, кој се врти околу овој 32-годишен измамник со постојан престој во Црна Гора (!), веќе некое време е предмет на полициска истрага. Но, чисто политичката димензија на двете големи финансиски афери во кои беше вмешан Фараж го зголеми притисокот врз него до степен да посегне по потег што изгледа како очајнички чекор: поднесе оставка од својата парламентарна функција, само за веднаш потоа повторно да се кандидира за неа.
Сепак, тој не сметаше на фактот дека ниту една англиска парламентарна партија нема да наседне на ова. Сите тие – Лабуристите, Конзервативците, Либералните демократи, Зелените, па дури и екстремно десничарската партија „Rebuild Britain“ (која главно ги собира пребегнатите членови од партијата „Reform“) – објавија дека нема да истакнат кандидати на изборите предизвикани на таков начин и дека, што се однесува до нив, Фараж може слободно да се натпреварува сам со себе. Така, покрај него, за учество на изборите закажани за 13 август се пријавија само анонимни лица и шегаџии – појава што одамна е вообичаен дел од изборниот фолклор на Островот. Меѓу нив е и редовниот учесник на изборите, „Грофот Бинфејс“ (Count Binface), облечен во костим на суперхерој -„интергалактички вселенски воин“ – со глава скриена под стилизирана канта за ѓубре, чија изборна програма, меѓу другото, се залага за национализација на поп-пејачката Адел и за повторно воведување на телетекстот. Според тоа, „Кантолики“ (Kantolikki) – односно комичарот и сценарист Џон Харви – ќе биде единствениот кандидат покрај Фараж за кого јавноста слушнала во овие околности.
И така, во деновите на исчекување на официјалното примопредавање на должноста меѓу премиерот во заминување Кир Стармер и неговиот наследник Енди Бурнам, Британците добија политичка споредна претстава што воопшто не им беше потребна. А доколку по фарсичните избори во Клактон наскоро уследат нови, вистински избори (под услов да се исполнети споменатите формални услови), тоа ќе биде дополнителна потврда дека ѕвездата на Фараж почнала полека, но незапирливо да опаѓа – уште пред да го достигне зенитот на кој до неодамна толку многу се надеваше.




