БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Ние не влеговме во Владата. Денеска мислам дека добро испадна што се случи така, хахаха, што да се прави со задоцнетата памет! Заев влезе. Добро, не на 17 мај 2015, туку две години подоцна, а ние останавме да се надеваме
Да, 5 мај 2015, е важен датум во Народноослободителната војна против вмровскиот окупатор.
Еве едно кратко навраќање, работено според вистинска приказна:
По долго туркање со полицајците од лабавиот кордон пред Владата, проследено со паузи за морално- политичката настава што бесплатно им ја држевме, Љубиша Станковиќ ме спроведе зад безбедносните сили.
Тука имаша поголема група новинари и фоторепортери. Тоа ми збореше дека власта не го имаше сфатено максимално сериозно овој бран на Шарената револуција.
Се фатив за кваката од влезната врата. Знаев дека од другата страна не ме чека Крсто Муковски, но, сеедно, имав впечаток дека можеме да влеземе. Сите знаевме дека во подрумите на зградата и внатре има еден куп специјалци и дека нашиот обид може да биде и опасен, но,јас мислев дека ризикот е поднослив, дека комбинацијата од емоции, правдољубивоста и моралната супериорност, го спуштаат тој ризик на прифатливо ниво од некоја колку-толку рационална гледна точка.
„И што ако влеземе!?” слушав коментари на луѓето околу мене.
„Ќе седнеме на првото големо биро, ќе викнеме три камери, ќе вклучиме сто телефони и ќе прогласиме дека фашистичкиот режим на Никола Груевски и вмро-дпмне е соборен и дека е во тек формирање на власт на народниот спас” – се обидував да бидам сериозно шеговит јас.
„Договорено е на 17 мај да влезе Заев” дофрлаа други демонстранти.
Што многу ме нервираше. Мислам таа комоција со термините, тоа гушење на темпото, заебавањето со моментумот.
Но, така и се случи.
Ние не влеговме во Владата.
Денеска мислам дека добро испадна што се случи така, хахаха, што да се прави со задоцнетата памет!
Заев влезе.
Добро, не на 17 мај 2015, туку две години подоцна, а ние останавме да се надеваме.