На воодушевување на белграѓани еден од тркачите на тамошниот маратон од регионот ја наруши супремацијата на африканските тркачи на најдолгата патека. Така, најтешката трка во атлетиката дпби Македонец како посебен бисер

Српските медиуми не штедат пофалби за македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој го освои второто место на 39. Белградски маратон и беше единствениот Европеец во топ-10. Настанот се случи пред десет дена, но за жал кај нас овој триумф наиде на речиси на премолчување!
„Рекорд и сензација Македонец ги одушеви сите“, известуваше B92, нагласувајќи дека Ивановски со време од 2:09:35 оствари извонреден резултат во силна африканска конкуренција.
Слично и Телеграф го опишува неговиот настап како сензационален, истакнувајќи дека македонскиот маратонец трчал рамо до рамо со фаворитите и уште еднаш потврдил дека Дарио е меѓу најдобрите тркачи на Балканот
Победата ја однесе Гудета Гада Гемсис со рекорд на патеката (2:09:11), но вниманието го украде токму Ивановски со својот врвен настап.
Белград инаку повторно беше центар на европската маратонска сцена, а 39-от Белградски маратон донесе врвни резултати и нова спортска приказна за паметење. Во трката во која беше соборен рекордот на патеката, вниманието го привлече, како што стои погоре одличниот настап на македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој го освои второто место и уште еднаш го потврди својот квалитет на големата сцена.
Ивановски ја заврши трката за 02:09:35, веднаш зад победникот Гудета Гаде Гемсис, додека зад себе го остави третопласираниот Кениец Јохана Ерот. Неговиот резултат добива дополнителна тежина ако се земе предвид силната меѓународна конкуренција и темпото што го одбележа овогодинешниот маратон во Белград.

По трката, Ивановски зборуваше за своите впечатоци, темпото на трката, борбата за подиумот и значењето на резултатот постигнат во Белград.
– Прво, би сакал да им се заблагодарам на Белградскиот маратон. Тука сум, не знам, можеби по 10-ти пат на Белградскиот маратон, понекогаш на Белградскиот маратон, понекогаш на Зимскиот маратон, понекогаш на 10 километри, па… и Скопскиот маратон и Белградскиот маратон, градите таква семејна врска низ годините што можам да кажам дека кога трчам во Белград, се чувствувам како дома. И денес ми беше посебна чест да го освојам Белградскиот маратон, но сепак можам да кажам дека сум задоволен од второто место – нагласи Дарио и додаде:
– Ова е моето второ најбрзо време, прво, моето најдобро време е 2:08:26, денес истрчав 2:09:35, каде што на ваква патека, со овие услови, можам да кажам дека се вратив во олимписката форма што ја имав по Париз, со оглед на тоа што по Париз, Олимписките игри, се справував со некои такви помали повреди, каде што јас не бев јас. Но, можам да кажам дека со Белградскиот маратон си докажав себеси и на сите оние кои веруваат во мене, во моето семејство, во моите најблиски, дека има напредок по она што го правиме и дека заедно со Белградскиот маратон следната година, бидејќи Европското друмско првенство е на пат, можеме да изградиме одлично, одлично време, одличен пласман, каде што верувам дека Балканот, нашата Југославија и Македонија ќе бидат горди, рече Иваносвки, а пренесоа срспките медиуми
Во главната трка учествуваа 2.350 натпреварувачи, а вкупно 14.500 од 79 земји.
Инаку овој дострел на македонскиот спорт едноставно исчезна од екраните многу брзо после забршувањето на маратонот – нашиот спортски прес живее одамна во некои закостени шеми.




