Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВАШИНГТОН ГО ЗАСИЛУВА ПРИСУСТВОТО НА БАЛКАНОТ

September 3, 2019 Filed Under: Свет

Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот

ПРИСТРАСНОСТ Палмер е оженет со белграѓанка – ќе мора да докажува дека е непристрасен

Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот, соопшти синоќа Стејт департментот. Палмер на 1 септември учествуваше во работата на Стратешкиот форум на Блед, а потоа ќе ги претставува САД на состаниците на четворката во Брисел и во Подгорица.

– Палмер ќе ги предводи нашите настојувања да ги зајакнеме дипломатските напори на САД во поддршката на мирот, стабилноста и напредокот на регионот и ќе се насочи на интеграцијата на државите од Западен Бaлкан во западните институции, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека назначувањето на Метју Палмер за специјален претставник на САД на Западен Балкан не е изненадување и дека со тоа Вашингтон сакаат на Балканот да се изгради регионален мир и стабилност.

БЛЕД Словенечкиот туристички центар – домаќин на стратешки форум за Балканот

– Тоа е само знак дека САД сакаат на некој начин да го официјализираат она што постојано го кажуваат за да поттикнат брзо решавање на проблемот односно сите страни на Балканот да градат регионален мир и стабилност, а дали ова е можно, ќе зависи од тоа кои ќе бидат клучните теми и дали ќе има притисок врз Приштина да ги укине таксите, рече Дачиќ за РТС.

Тој истакна дека Палмер е добро запознаен со состојбата во регионот и истакна дека е оженет со белграѓанка, но дека не знае колку ова е предност за Србија, а колку е неповолно, бидејќи ќе мора да докажува дека не е пристрасен.

ИВИЦА ДАЧИЌ Најпрвин да се укинат таксите со Косово

Според Дачиќ назначувањето на специјален претставник е потврда за сè што тој говорел, објаснувајќи дека американската администрација го сменила претходниот став за Косово и дека сега верува дека ова прашање не е решено и дека треба да се реши.

– Што би назначиле специјален претставник доколку тоа е решено, истакна Дачиќ.

 

Filed Under: Свет

БУЈАР МУЧА: ПОЧНА СО ШИЛЕГОВ, ЗАВРШИ СО ЉУТКОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (144): ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА ОДИ НАДОЛУ, НАРОДОТ СЕ УШТЕ НЕ ГО ЧУВСТВУВА ТОА
БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ

Најново

  • БУЈАР МУЧА: ПОЧНА СО ШИЛЕГОВ, ЗАВРШИ СО ЉУТКОВ
  • ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (144): ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА ОДИ НАДОЛУ, НАРОДОТ СЕ УШТЕ НЕ ГО ЧУВСТВУВА ТОА
  • БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet