Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

АНАЛИЗА: „ДОЛЖНИЧКАТА ЛИСТА“ ПОКАЖУВА ДЕКА САМО ПЕТ ДРЖАВНИ ФИРМИ ДОЛЖАТ НАД 300 МИЛИОНИ

December 24, 2024 Filed Under: Македонија

АНЕТА ДОДЕВСКА

ЗДРАВСТВОТО ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ Овој сегмент од јавни установи и должи на државата 77 милиони евра

По државните фирми, и јавни претпријатија на локално и на централно ниво – здравството е еден од најаздолжените сектори во државата, со долг повисок од 77 милиони евра. Над 300 милиони евра пак должат само пет државни фирми и тоа од два сектори – енергетика и железница, пишува Порталб.мк. Од ЈП формирани на локално ниво, најголем доспеан а неплатен долг во износ од 17 милиони евра е ЈП “Водовод и канализација “ – Скопје

Долгови на здравството …

Со доспеани а неплатени обврски во износ од 77,5 милиони евра, здравството е еден од “најзадолжените сектори. На високото 6 то место на новата листа на Министерството за финансии, со долг од 27,3 милиони евра е Заедничката служба за потребите на здравство која со години кумулира милионски суми на доспеани а неплатени обврски. Преку оваа институција се спроведуваат набавките за јавните здравствени установи, ургентниот центар, клиниките.

Во првите десет најзадолжени е и Клиниката за радиотерапија и онкологија со долг од 12,3 милиони евра . Клиниката за торакална и васкуларна хирургија пријавила доспеан долг од 4,6 милиони евра а Клиниката за трауматологија 4 милиони евра. Долговите на Институтот за трансфузиологија на крајот од третиот квартал изнесувале скоро 3,7 милиони евра а на Клиниката за гинекологија речиси 3,6 милиони евра. Долг повисок од 3 милиони евра пријавиле и Клиниката “СВ Наум Охридски – Скопје “ и Клиниката за хематологија.

Доспеани а неплатени обврски

ЈУ од областа на здравството                                           27 350 000 е

Клиниката за радиотерапија и онкологија                         12 322 200 е

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија                 4 650 000 е

Клиниката за трауматологија                                                 4 070 000 е

Институтот за трансфузиологија                                            3 700 000 е

Клиника за гинекологија                                                       3 582 000 е

Најзадолжени – државните енергетски и железнички компании ..

Првите пет места на новата должничка листа се “резервирани“ за државните енергетски и железнички компании.

Со долг од 88,3 милиони евра е државното АД Номагас, зад него со доспеани а неплатени обврски во износ од 71,9 милиони евра е ЕСМ – производство, следуваат двете железнички компании, МЖ Транспорт со долг од  69,7 милиони евра  и МЖ Инфраструктура со долг од 49,7 милиони евра а на петто место е ЕСМ – дистрибуција на топлинска енергија со долг од скоро 34,7 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски ( 3 квартал)

 

АД Номагас                                                                           88 325 000 е

АД ЕСМ – производство                                                       71 990 000 е

МЖ Транспорт                                                                       69 723 000 е

МЖ Инфраструктура                                                             49 712 000 е

АД ЕСМ – дистрибуција на топлинска енергија                   34 670 000 е

Извор МФ

Од ЈП формирани на локално ниво, најголем доспеан а неплатен долг во износ од 17 милиони евра е ЈП “Водовод и канализација “ – Скопје кое е под ингеренции на Град Скопје. Од локалните комунални ЈП на 12 то месо со долг од 9,2 милиони евра е ЈП Водовод  Куманово со Ц.О.Куманово, на 18 то место со долг во износ од 5,9 милиони евра е ЈП Водовод Охрид, следува ЈКП Водовод Тетово со доспеани а неплатени обврски од 5,7 милион евра а 5,1 милион евра должи ЈКП Тетово.

Од државните фирми и Јавни претпријатија формирани од централната власт, а кои имаа поголем број на вработени, освен оние во првата “петорка“, со милионски долгови се ЈП за државни патишта со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 16,1 милион евра, ЕСМ производство на топлина со долг од 8,3 милиони евра, АД Водостопанство со обврски од 7,2 милиони евра и ЈП МРТ со доспеани долгови во износ од 6,9 милиони евра.

Од општините, во првите 20 ет најзадолжени се Општина Тетово, рангирана на десетто место и Општина Гостивар на единаесетто место – и двeте со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од 10,6 милиони евра. На 15 то место со доспеан долг од 7 милиони евра е Град Скопје.

Вкупниот внатрешен долг на крајот на третиот квартал изнесувал 660,1 милион евра.

 

Filed Under: Македонија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet