Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БОГОЈЕСКИ БАРА МАШКИ НАДЗОР

November 5, 2026 Filed Under: Македонија

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

Лидер на Македонски концепт, коалициски партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Од етнички и верски навреди до повици за „машки надзор“ врз жените – изјавите на Богојески предизвикаа нови реакции во јавноста. Хаштагот #ЖенаБезНадзор стана ироничен одговор на неговата антифеминистичка реторика. Повторно се отвора прашањето за политичката и институционалната одговорност.

Хаштагот #ЖенаБезНадзор се појави на социјалните мрежи како ироничен одговор на контроверзните изјави на Петар Богојески, лидер на Македонски концепт, коалициски партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Христијан Мицкоски.

Во телевизиска дебата на ТВ Алфа, Богојески го обвини феминизмот дека ги поттикнал жените да отфрлат „машки надзор“, тврдејќи дека сопругот има обврска да ја надгледува сопругата.

Неговите изјави за брачното неверство дополнително предизвикаа загриженост поради можноста да се протолкуваат како релативизирање на насилството во партнерските односи.

Ова не е прв случај Богојески да предизвика реакции со својот јавен говор.

ЦИВИЛ МЕДИА во опширно досие од април 2025 година документираше низа негови објави со етнички и верски навреди, радикален национализам, дискриминаторски пораки и дезинформации.

Против него беа поднесувани и пријави за говор на омраза. Мрежата за заштита од дискриминација во април 2025 година побара повлекување на неговото именување за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, надлежна за спроведување на европската програма „Еразмус+“. Богојески ја напушти директорската функција на 24 јуни 2025 година, по само два и пол месеци, во услови на јавни реакции и критики од европски претставници.

ЦИВИЛ – Центар за слобода повеќепати предупредуваше на радикалната реторика на Богојески и бараше институционална реакција. И покрај предупредувањата, тој останува коалициски партнер во власта и има академски ангажман на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. Дополнително, има пријавен ангажман во Европскиот центар за мир и развој, поврзан со Универзитетот за мир, основан со резолуција на Обединетите нации.

Најновите изјави на овој радикален лик во македонската политика – и власт – повторно го отвораат прашањето за политичката и институционалната одговорност. Која ја нема!

ЦИВИЛ – Центар за слобода порачува: Женската независност е неразделен дел од универзалните човекови права.

(Редакција ЦИВИЛ МЕДИА)

 

Filed Under: Македонија

ПОТЕНЦИЈАЛЕН ДОМИНО ЕФЕКТ НА ЕДНА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА
МИЦКОВСКИ ГО СПОМЕНУВА НАТО ЗА СПОЈУВАЊЕ НА АНБ И АР
ПАДОТ НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ И ШТО НОСИ СЛОБОДАТА?
МАНЧЕВСКИ ВО ТОКИО ОТИДЕ СО ШАХТА А СЕ ВРАТИ СО ГЛАВНА НАГРАДА
ДEБАКЛ НА ТРАМП И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ: ДЕМОКРАТИТЕ ЈА ПРЕЗЕДОА КОНТРОЛАТА ВРЗ КОНГРЕСОТ

Најново

  • ПОТЕНЦИЈАЛЕН ДОМИНО ЕФЕКТ НА ЕДНА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА
  • МИЦКОВСКИ ГО СПОМЕНУВА НАТО ЗА СПОЈУВАЊЕ НА АНБ И АР
  • ПАДОТ НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ И ШТО НОСИ СЛОБОДАТА?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet