Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

БАЛКАНСКИТЕ КНИГОИЗДАВАЧИ ИМА ЗНАЧАЕН СОБИР

September 25, 2026 Filed Under: Ревија

Богата програмска имаше на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што се одржа во Музејот на град Скопје

ПРО-ЗА БАЛКАН Беа тоа средби со висок интензитет и квалитет

Наградата „Прозарт“ што се доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на српскиот писател Драган Великиќ, еден од најзначајните, најпреведуваните и најпрепознатливите современи српски писатели, што ќе му биде врачена лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Музеј на град Скопје.

Освен Великиќ, гости на 14. издание на фестивалот беа албанската писателка Дијана Чули, бугарскиот писател и сценарист Николај Терзијски, словенечката романсиерка Габриела Бабник Уатара, ирско-британскиот филмски автор и продуцент Мајк Дауни, српската писателка Христина Радовиќ Андриќ и психологот и авторка на детска литература Зиновија Василејади од Грција, како и нашиот писател Блаже Миневски.

Годинава фестивалот може да се пофали и со богата дополнителна програма..

Во Кинотеката во 20 часот беше прикажан филмот „Устав на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ, со присуство на продуцентот Мајк Дауни. Писателот Александар Прокопиев го водеш разговорот со Мајк Дауни.

Исто така во Европска куќа Тетово во 19 часот се одржа инклузивна промоција на сликовниците од Денис Јанкуловски. Наредниот ден во кафе-бар „Саман“ од 20 часот слдуваше книжевно-музички перформанс „Портрети“ со Александар Прокопиев и Бобан Здравковски Андреевски.

Во кафе-барот „Цреша“ се одржа концертна промоција на петтата поетска збирка „Пружини“ од Пијан Славеј, со Hot Jazz Orchestra.

Годинава по 13-ти пат се одржа и програмата „Скопје фелоушип“. Издавачи, литературни агенти и професионалци од издавачкиот сектор од Грција, Бугарија и Албанија беа гости на оваа значајна програма, една од ретките од ваков тип во регионот. Во Скопје дојдоа Ефи Риза-Скифа, основачка и издавачка менаџерка на грчката издавачка куќа „Енастрон“, Манол Пејков, сопственик и генерален директор на бугарската издавачка куќа „Жанет 45“ и основач на Софиската литературна агенција, Рајмонда Хида, директорка за надворешни односи и авторски права во албанската издавачка куќа „Фан Ноли“, Гергана Панчева, извршна директорка на Софиската литературна агенција, Аристеа Илиопулу, раководителка на издавачкиот сектор и лекторка во „Енастрон“, и Реџеп Хида, директор на „Фан Ноли“.

Сите учесници на програмата „Скопје фелоушип“ се сретнаа со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и други домашни издавачки куќи.

Програмата беше посветена на странски издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. „ПРО-ЗА Балкан“ е првиот фестивал во поширокиот регион што воспостави ваква програма, а годинава „Скопје фелоушип“ ја одбележува својата 13-годишнина.

Организатор на интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. На следниот линк може да ја видите комплетната програма на фестивалот: https://www.prozabalkan.mk/programa.html.

Filed Under: Ревија

ПОТЕНЦИЈАЛЕН ДОМИНО ЕФЕКТ НА ЕДНА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА
МИЦКОВСКИ ГО СПОМЕНУВА НАТО ЗА СПОЈУВАЊЕ НА АНБ И АР
ПАДОТ НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ И ШТО НОСИ СЛОБОДАТА?
МАНЧЕВСКИ ВО ТОКИО ОТИДЕ СО ШАХТА А СЕ ВРАТИ СО ГЛАВНА НАГРАДА
ДEБАКЛ НА ТРАМП И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ: ДЕМОКРАТИТЕ ЈА ПРЕЗЕДОА КОНТРОЛАТА ВРЗ КОНГРЕСОТ

Најново

  • ПОТЕНЦИЈАЛЕН ДОМИНО ЕФЕКТ НА ЕДНА МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА
  • МИЦКОВСКИ ГО СПОМЕНУВА НАТО ЗА СПОЈУВАЊЕ НА АНБ И АР
  • ПАДОТ НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ И ШТО НОСИ СЛОБОДАТА?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet