Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ВРЕМЕ НА БУДНОСТ – АВТОРТАРНИТЕ СТРУКТУРИ БРЗО СЕ АДАПТИРААТ

May 19, 2026 Filed Under: Колумни

ЏАБИР ДЕРАЛА

Стратешката тишина или наглите промени во наративите кај локалните прокси актери во медиумските, интелектуалните и невладините кругови не значи дека антидемократските сили се поразени. Во претстојните недели и месеци може да се очекува тие структури во медиумската и граѓанската сфера сосема да закрепнат и да продолжат со својата неславна работа во служба на авторитарните центри на моќта и олигархијата

Иако Петер Маѓар во моментов води тешка битка на внатрешен план за демонтирање на заробената унгарска држава и деблокирање на европските фондови, неговиот фокус на прекинување на коруптивните канали веќе дава резултати на Балканот.

Без финансиската инфузија од Будимпешта, десетици медиуми во регионот кои опстојуваа благодарение на унгарските „политички пари“ се соочуваат со притисок кој би можел да доведе до намалување на нивните финансии. Но тоа е само привремено.

Кога авторитарните структури на моќта, здружени со олигархијата во и надвор од земјата, ќе се соочат со изборен шок на домашниот политички фронт, далеку од тоа дека тие се повлекуваат во некое ќоше, ги лижат своите политичко-финансиски рани и ја чекаат правдата за своите криминали. Напротив, тие се прегрупираат и се преструктуираат. Тие и во периодот на својата најголема моќ, работат на резервни планови, ги корумпираат структурите во опозицијата, медиумите, академијата и граѓанското општество.

Во услови на изборен пораз, кога се во повлекување, тие ги активираат своите механизми за заштита и извлекување. Воедно, тие добиваат итна поддршка од сојузничките режими однадвор, за да ја одржуваат својата машинерија во функција, на почетокот притаено, но не помалку опасно по демократскиот развој.

Тоа го видовме во периодот по падот на режимот на Груевски. Тој сега се наоѓа во Будимпешта, во очекување на одлуките и постапките на администрацијата на новиот премиер Маѓар, но неговото и дејствувањето на неговата партија која сега е на власт во Северна Македонија, може и треба да послужи како историско сидро и предупредување за демократската власт во Унгарија.

Оваа сторија брзо се развива, а стратешката тишина или наглите промени во наративите кај локалните прокси актери во медиумските, интелектуалните и невладините кругови не значи дека антидемократските сили се поразени. Во претстојните недели и месеци може да се очекува тие структури во медиумската и граѓанската сфера сосема да закрепнат и да продолжат со својата неславна работа во служба на авторитарните центри на моќта и олигархијата.

Авторитарните структури во земјава и регионот покажаа дека брзо учат и дека се способни за брза адаптација на новите услови. Овој период не значи олеснување, туку потреба од уште поголема внимателност пред новиот, поопасен бран на прегрупирање на дезинформацискиот капитал на Балканот.

 

 

Filed Under: Колумни

ВЛАДАТА РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ЈА УКИНЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА ИЛИ ДА ГИ УКИНЕ ТАРИФНИТЕ БЛОКОВИ!
ЛУКАРЕВСКА: РЕАЛНОСТА Е СИРОМАШТИЈАТА И СКАПИТЕ СМЕТКИ А НЕ „ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ“
ФАЛСИФИКУВАНА СЛИКА НА МАРТИНОВСКИ НА ЛОНДОНСКА АУКЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (179): БИТКА ДО ПОСЛЕДНИОТ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИК
ПОБЕДА, ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ! А РЕАЛНОСТИ?

Најново

  • ВЛАДАТА РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ЈА УКИНЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА ИЛИ ДА ГИ УКИНЕ ТАРИФНИТЕ БЛОКОВИ!
  • ЛУКАРЕВСКА: РЕАЛНОСТА Е СИРОМАШТИЈАТА И СКАПИТЕ СМЕТКИ А НЕ „ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ“
  • ФАЛСИФИКУВАНА СЛИКА НА МАРТИНОВСКИ НА ЛОНДОНСКА АУКЦИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet