ЈАНИ МАКРАДУЛИ
Џабе победи Маџар кога кај нас изгуби Универзитетот; Џабе Унгарија слави, кога во Македонија професорите молчат за Законот со кој се самоказнуваат; џабе им се насмените лица на колегите студенти од Унгарија, кога нашите студенти треба да плаќаат данок, затоа што работеле по 14 часа за да чекираат некои младешки бакет листи
Да се секиравме вака за Македонија како за Унгарија, гарант подобро ќе ни беше. Историјата нѐ учи дека револуцијата во една земја е уникатна, не се увезува и не се копира.
До промена на власта не се доаѓа со постови за Унгарија, туку со гласање на кредибилна понуда, претставена со луѓе од доверба, вклопени во широк прогресивен фронт.
Унгарија си избра нивна, а не наша влада. Затоа после честитките, време е да поработиме малку повеќе, за да ние си избереме наша влада, од наши гласачи. А дека ни треба нова влада, немам дилема. И тоа час поскоро. Затоа што оваа ниту знае, ниту вреди. Нема ниту демократија, а националното единство е мисловна именка.
Со среќа Унгарија и новите ветришта во ЕУ, а ние имаме уште фурни леб да јадеме.
На нашиот дневен ред во политичкиот еко систем треба да се реалните проблеми на граѓаните. Мора да се окрупниме во будење и нудење на решенија за потребите на граѓаните.
Џабе победи Маџар кога кај нас изгуби Универзитетот; Џабе Унгарија слави, кога во Македонија професорите молчат за Законот со кој се самоказнуваат;
Џабе им се насмените лица на колегите студенти од Унгарија, кога нашите студенти треба да плаќаат данок, затоа што работеле по 14 часа за да чекираат некои младешки бакет листи.
Што фајде има намачениот земјоделец од Македонија, ако ФИДЕС го пожнее она што го засадиле?
Џабе комшиите полнат бензин кај нас, кога мерките ги празнат џебовите на нашите граѓани.
За почитување на Колективниот договор во културата борбата е дома, заедно со борбата за минималната плата, со наши сили и сложни работници поддржани преку мерки за социјална правда.
Дополнително, сами треба да се избориме за правда во Македонија, вистинска, а не со чувства.
Иницијативата за прогресивниот фронт мора да дојде од СДСМ. Спремна за партнерства. Спремна за одговори на тешки муабети. Спремна за ветингот во сопствените редови, како прв чекор.
Ветингот наместо баук, треба да биде прв јасен доказ за спремноста, како партија, да бидеме поразлични од другите.
Тоа верувам ќе биде почетна основа за широк прогресивен фронт од различни субјекти, каде ќе нема места за дискриминација, разни фобии и предрасуди. Каде не е важно дали е некој стар, на кој јазик зборува, во кој Бог верува.
А, за милијардата, неколку пати сум предлагал надзорна расправа во Собрание. Надзорна веднаш. Впрочем и падот на Груевски почна од надзорните во Собрание.
(од ФБ статусот на авторот)




