Двајцата премиери се сретнаа во Рим, ама напредок нема ни на повидок. Има ли воопшто шанси за дијалогот меѓу двете земји кога часовникот веќе отчукува дека нема доволно време за пресврт?
Во овој момент не можам да кажам за тоа дали има напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ со Бугарија, но разговорите продолжуваат меѓу експертските тимови на министерствата за надворешни работи и штом ќе има одреден напредок тогаш ќе биде соопштен на ниво на министри, изјави доцна во понеделникот премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со неговиот бугарски колега Кирил Петков во Рим.
Како што јави известувачот за МИА од Рим, премиерот Ковачевски напомена дека доколку има документ кој што ќе биде заемно прифатлив, тој ќе биде презентиран јавно.
На средбата со Петков, како што информира премиерот, присуствувале и министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Теодора Генчовска, кои информирале за текот на разговорите што се одвиваат на ниво на експерти на министерствата.
Според Ковачевски, договорено е тие разговори да продолжат со цел да се обидат министерствата за надворешни работи да дојдат до документ што би бил прифатлив за двете држави и би претставувал основа за решение кое ќе може да биде споделено со институциите во двете држави.
– Воопшто не разговаравме и за тоа дали има нови услови од Бугарија. Се работи на оние прашања кои беа отворени и претходно, за нив веќе постои т.н. португалски предлог, кој што уште е основа за разговори помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој момент не можам да кажам за напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ, со оглед на тоа што додека не се дојде до таков документ не можеме да зборуваме за напредок, рече Ковачевски.
Тој напомена дека средбата со премиерот на Бугарија била исклучително конструктивна и дека разговарале на повеќе теми.
Најважно за владите на Бугарија и на Северна Македонија е да продолжат со конструктивниот дијалог и да не подлегнуваат на провокации од некои групи кои се обидуваат да ги зголемат тензиите, изјави денеска во Рим претседателот на бугарската Влада, Кирил Петков по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
Петков во изјава за бугарските медиуми повтори дека е потребно да се свика бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност на кој би се разговара
– Најважно за владите на Бугарија и на Северна Македонија е да продолжат со конструктивниот дијалог и да не подлегнуваат на провокации од некои групи кои се обидуваат да ги зголемат тензиите, изјави денеска во Рим претседателот на бугарската Влада, Кирил Петков по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
Петков во изјава за бугарските медиуми повтори дека е потребно да се свика бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност на кој би се разговарало за сето она што досега го направиле владите на двете земји.
– Само преку конструктивен дијалог ќе можеме да продолжиме во насока на добрососедство што го сакаат двете влади, рече Петков, додавајќи дека се надева оти следниот чекор ќе биде свикување на Консултативниот совет за национална безбедност од страна на бугарскиот претседател Румен Радев, за да се разгледа се што е постигнато од досегашните средби. – Не се обврзавме на никакви рокови, единственото нешто на што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, а министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Ветивме дека ќе го задржиме конструктивниот тон. Очекуваме во наредните недели и месеци различни групи кои не сакаат добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија да се обидат да предизвикаат провокации, изјави претходно Петков, пред одењето за Рим, додавајќи дека со премиерот Ковачевски потврдиле дека посветеноста на добрососедство е важна и заедничка.
Пратеникот од владејачката бугарска партија „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев (значи од партијата на Петков!),
ги бара моштите на Цар Самоил за да Бугарија го тргне ветото за Македонија. Тој од Македонија бара гаранции и гестови, за да дозволат земјава да почне преговори со Европската Унија(ЕУ). Вели актуелни теми за бугарскиот народ се инфлацијата, цената на горивата и гасната криза, а не Македонија. Пратеникот смета за прашањето за Северна Македонија треба да се бара национален консензус.