Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДРАГИ ЃОРЃИЕВ: КОМИСИЈАТА УСВОИЛА ДОСЕГА ПРЕПОРАКА ЗА ЗАЕДНИЧКИ ЧЕВСТВУВАЊА

February 14, 2023 Filed Under: Македонија

Комисијата усвои препорака за заедничко чествување меѓу двете држави за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за Цар Самоил

ДРАГИ ГЕОРГИЕВ Во едни вакви услови, можеби екстремно би рекол заладени односи, со многу висока тензија, многу тешко е комисијата да работи спокојно и мирно на Гоце Делчев

Драги Ѓоргиев, копретседател на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, вели дека комисијата досега усвоила препорака за заедничко чествување меѓу двете држави на Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и Цар Самоил.

Дали последните случувања помеѓу Скопје и Софија ќе бидат пречка за понатамошна работа на комисијата за историски прашања?

– Не може да останеме ние имуни на тоа што се случува во општеството и сите тие политички потреси, тензии, недоразбирања, дневно политички препукувања, кои се случуваат циклично во македонско-бугарските односи, и тие несомнено влијаат и на работата на комисијата. Речиси редовно во сите тие препукувања и политички изјави кои се даваат се спомнува и комисијата, историјата, се споменуваат темите на кои работи самата комисија и сето тоа влијае врз атомосферата во самата комисија.

Како ги оценувате последните случувања меѓу Северна Македонија и Бугарија?

– Како да има тенденција, македонско-бугарските односи на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период. Очигледно на некого тоа му е потребно и кога ќе трае некој извесен период, тие мирни и добри односи и ќе тргне работата во вистинска насока, се случуваат инциденти, кои очигледно имајќи ја во предвид историјата на претходните инциденти, се прават смислено со однапред режирано сценарио. И ова мислам ќе деескалира, ќе се смири ситуацијата, но повторно постојат сили, кои нема да ме изненади, после два месеци, да се случи истото по било кој повод.

Можно ли е да се дојде до решение за Гоце Делчев?

– За Гоце Делчев речиси и да не дискутираме сериозно, можеби година дена. Во едни вакви услови, можеби екстремно би рекол заладени односи, со многу висока тензија, многу тешко е комисијата да работи спокојно и мирно на Гоце Делчев. Идејата на заедничко чествување на било која личност, не само на Гоце Делчев, се базира на тоа уште повеќе да ги смири и релаксира односите меѓу двете држави, да придонесе кон подобро сфаќање на двата народи и на двете општества. И таа е основната идеја не само на нашата комисија, туку и на сите комисии кои работат на ваков начин, односно покрај учебниците имаат како своја агенда и заедничко чествување на одредени личности, околу кои постојат различни видувања, меѓутоа тие се споделени историски личности. Во овој момент ситуацијата мислам дека не е таква, која ќе овозможи било какво решение на комисијата, кое ќе придонесе уште повеќе да се смират односите и тргнат во вистински правец односите меѓу Македонија и Бугарија. Така да мора политичаката ситуација, политичките односи меѓу двете држави да бидат на едно високо ниво со цел и комисијата да постигне одреден напредок, пред се во однос на тие чуствителни теми како што е Гоце Делчев.

Што до сега е договорено?

– Комисијата усвои препорака за заедничко чествување меѓу двете држави за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за Цар Самоил. Во однос на препораките за учебниците, усвоени се препораки за петти клас во бугарскиот образовен систем и за шестто одделение во македонскиот образовен систем. Следната средба е закажана на 16 и 17 февруари во Софија.

(VOA)

 

Filed Under: Македонија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet