Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕВРОВИЗИЈА 2026: СВЕТЛЕЧКИ ЕФЕКТИ ШТО ТРЕБАА ДА ГИ ЗАСЕНАТ ОГНОВИТЕ НА ВОЈНАТА

May 19, 2026 Filed Under: Ревија

На овогодинешното издание на натпреварот во Виена, најголемиот проблем повеќе не се искинатите костими или пропуштената интонација, туку војната и геноцидот. И покрај протестите израелскиот претставник стигна во финалето до второто мсто, навистина за половина помал број на поени од победничката, атрактивната Бугарка. Се исплатеше ли бојкотот – прашање за чиј одговор треба малку време

КОНЕЧНО Бугарија може да прославува а ќе биде и домаќин на наредниот натпревар – пејачката дара после гласањето

Јубилејното, 70-то издание на ова натпреварување, се одржа под тензии поради учеството на Израел. Овластените медиумски организации од  Шпанија, Холандија, Ирска, Словенија и Исланд ја бојкотираа Евровизија поради „израелскиот геноцид врз Палестинците, спектаклот остана со само 35 учесници – најмалку од 2003 година.

Израелскиот претставник Ноам Бетан се пласираше во финалето со песната „Мишел“. За време на неговиот настап, од публиката дојдоа свирежи, антиизраелски слогани и зборови на охрабрување.

Австрискиот радиодифузен сервис ORF објави дека нема да има цензура во емитувањето, а реакциите на настапот на Бетан јасно се слушаа на телевизија.

ORF и Европската радиодифузна агенција (EBU), која ја организира Евровизија, соопштија дека обезбедувањето ги отстранило луѓето кои „ја вознемирувале публиката“ извикувајќи слогани премногу блиску до микрофонот.

Учеството на Израел во натпреварот доведе до низа протести во Европа во последните месеци. Покрај целосниот бојкот на неколку јавни радиодифузери, на социјалните мрежи се појави и движење за бојкот меѓу гледачите.

Дури и победникот на Евровизија во 2024 година, Немо, го врати трофејот во знак на протест.

Во согласност со нивната самопрогласена аполитичност, организаторите на Евровизија ги отфрлија барањата за дисквалификација на Израел, но наместо тоа – да се потсетиме –  ја исклучија Русија од натпреварот во 2022 година еден ден по почетокот на војната во Украина. Потребна е секако воедначеност во оценките околу тоа ќе има ли политика или не на овој натпревар.

Инаку гледавме танцови движења што пркосат на смртта, сексуално сугестивни рок химни а потоа дојде и гласањето. Како и секогаш постоеја гласови од нционалните жирија, но и од публиката која можеше да гласа за секого освен за нтпреварувачот од својата земја.

И конечо – Бугарија е прва, Израел е втора со 343 поени, Романија е трета (296), по неа следуваат Австралија, која беше меѓу фаворитите со 287 поени, и Италија, која освои вкупно 281 поен.

Велика Британија, Белгија и Германија не добија ниту еден глас од јавноста, а претставничката од Лондон, јутјуберката Look Mum No Computer, заврши на последното место.

Победничкаа Дара е голема поп-ѕвезда во својата татковина. Нејзините песни и видеа имаат над 80 милиони слушања и прегледи, а нејзината најпопуларна песна е „Thunder“. Дара е и тренер во националната верзија на телевизиското талент шоу „The Voice“.

Победничката компиозиција „Bangaranga“ звучи како да е направена во калапот на бесмислени евровизиски песни како „Diggi-Loo, Diggi-Ley“ – но насловот всушност значи „шум“ на јамајканскиот сленг.

Текстот се занимава со посветеноста на Дара на надминување на анксиозноста и ADHD, кои ѝ беа дијагностицирани минатата година.

„Бангаранга е нешто што секој го има во себе“, објасни таа.

„Тоа е моментот кога избирате да се водите од љубов, а не од страв.“

Нејзиниот настап беше проследен со кореографија базирана на древната бугарска традиција Кукери, во која маскирани изведувачи ги бркаат злите духови.

Пред големото финале, пејачката ја освои и наградата за најдобра сценографија на Евровизија.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што ја почувствуваа „Бангаранга“ и врската со силата“, рече таа зад сцената по победата.

Бугарската национална телевизија потврди дека натпреварот следната година ќе се одржи во главниот град на Бугарија, Софија.

Ова е прв пат од 2017 година жирито и јавноста да се согласат за победникот, објави CNN. Дара не се сметаше за фаворит од обложувалниците и набљудувачите, но нејзината победа ги изненади. „Победата беше изненадување, со оглед на тоа што бугарската песна „Бангаранга“, изведена од пејачката Дара, не беше меѓу фаворитите пред шоуто. Но, кога резултатите од гласањето на јавноста беа додадени на оценките дадени од националните жирија, Дара го престигна израелскиот учесник Ноам Бетан, победувајќи го со голема разлика“, напиша Њујорк Тајмс.

Дара победи со голема разлика над Израел, чиј изведувач заврши на второто место. „Ова е прв пат од 2017 година жирито и публиката да се согласат за победникот“, пишува CNN. Учеството на Израел на натпреварот предизвика протести и бојкот од страна на некои од земјите што традиционално учествуваат на натпреварот. „Ова е првото издание од 1961 година што Шпанија, една од петте земји што се откажаа од натпреварот пред неколку месеци, не учествуваше“, забележува Ел Паис во врска со ова. Откако беше избрана да ја претставува Бугарија во февруари, Дара стана предмет на критики и напади на социјалните мрежи и размислуваше да се повлече од натпреварот. Сепак, таа одлучи да учествува. „Многу е поважно што мислите и каква е вашата лична проценка. Понекогаш, кога сум навредена од коментар, сфатив дека очигледно дел од мене верува во тој коментар што го читам. Потоа разбирате дека треба да обрнете внимание на себе, на сопствената психа и да водите разговори со себе. Да се ​​види: можеби постои некоја несигурност што треба да ја расчистам. Бидејќи ако немате несигурности или тие се минимизирани, ништо не може да ве допре, бидејќи знаете кои сте. Тоа е најважното нешто“, коментираше пејачката во интервјуата за новинарите.

 

 

Filed Under: Ревија

ВЛАДАТА РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ЈА УКИНЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА ИЛИ ДА ГИ УКИНЕ ТАРИФНИТЕ БЛОКОВИ!
ЛУКАРЕВСКА: РЕАЛНОСТА Е СИРОМАШТИЈАТА И СКАПИТЕ СМЕТКИ А НЕ „ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ“
ФАЛСИФИКУВАНА СЛИКА НА МАРТИНОВСКИ НА ЛОНДОНСКА АУКЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (179): БИТКА ДО ПОСЛЕДНИОТ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИК
ПОБЕДА, ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ! А РЕАЛНОСТИ?

Најново

  • ВЛАДАТА РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ЈА УКИНЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА ИЛИ ДА ГИ УКИНЕ ТАРИФНИТЕ БЛОКОВИ!
  • ЛУКАРЕВСКА: РЕАЛНОСТА Е СИРОМАШТИЈАТА И СКАПИТЕ СМЕТКИ А НЕ „ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ“
  • ФАЛСИФИКУВАНА СЛИКА НА МАРТИНОВСКИ НА ЛОНДОНСКА АУКЦИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet