Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД ДОМАТОТ

July 17, 2024 Filed Under: Ревија

Доматите се богати со витамин Ц, којшто е природен антиоксиданс, а содржат и витамин А, железо и калиум, кои играат клучна улога во одржувањето на здравјето

ЛИКОПЕН Оваа состојка во доматот е значајна за борбата на телото против канцерот

Секојдневното овошје и зеленчук се општо корисни за здравјето, а особено доматот ги топи мастите, па поволно делува и на варењето и на крвта, па стручњаците советуваат: Јадете го секој ден ако можете.

Истражувањата, имено, покажуваат дека ликопенот што се наоѓа во доматот може да го спречи развојот на клетките на рак, особено ракот на простатата, желудникот или дебелото црево. Доматите се богати со витамин Ц, којшто е природен антиоксиданс, а содржат и витамин А, железо и калиум, кои играат клучна улога во одржувањето на здравјето на нервите и нормалната циркулација на крвта. Исто така, корисно е да се знае дека зготвените домати имаат поголемо нивото на ликопен, пренесува „Н-1“.

Витаминот К во доматите е корисен за крвта. Но, и воопшто, јадењето домати секој ден може да помогне во одржувањето на кожата здрава и сјајна.

Доматот го намалува и оштетувањето предизвикано од пушење тутун, благодарение на кумаринот и хлорогената киселина што ги содржи ова овошје. Помага и при слабеење, бидејќи се нискокалорични и богати со влакна, што значи дека држат ситост подолго време и го регулираат топењето на мастите.

(МИА)

 

 

Filed Under: Ревија

АНАЛИЗА: ИНФЛАЦИЈАТА САМО КАЈ ХРАНАТА СКОРО 7 ОТСТО
ФИЛИПЧЕ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ ОД ОВАА ВЛАСТ
ДАЛИ Е РАДЕВ УМЕРЕН ОРБАН? – КАКО ГО ОЦЕНУВААТ СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ
ВОЈНА БЕЗ ВИДЛИВ ФРОНТ Размена на исфрлени ракети е клулна карактристика на послдната војна на Блискиот исток
НОВО ЗАOСТРУВАЊЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: ПРИМИРЈЕТО ТОНЕ ВО ВОДИТЕ НА ОРМУЗ

Најново

  • АНАЛИЗА: ИНФЛАЦИЈАТА САМО КАЈ ХРАНАТА СКОРО 7 ОТСТО
  • ФИЛИПЧЕ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ ОД ОВАА ВЛАСТ
  • ДАЛИ Е РАДЕВ УМЕРЕН ОРБАН? – КАКО ГО ОЦЕНУВААТ СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet