Важен дел од приказната за Алта банка – Битола што некако се занемарува

ВЕСНА КОСТОВСКА
Во август 2024 година, Комерцијална банка понудила 3.200 денари за акција и уплатила околу 20,34 милиони евра за преземање на Стопанска банка Битола.
Но понудата не успеала. Ја прифатиле 149 акционери со 45,05% од акциите, недоволно за потребниот праг од 67%.
Во 2025 година се појавува Алта банка со понуда од 3.777 денари за акција, односно повисока цена. Овојпат преземањето успева.
Во гостувањето на Teлма, во емисијата „Топ тема“, гувернерот Трајко Славески се повика на одобрувањето од австриските регулаторни институции и Европската централна банка (ЕЦБ) за Алта групацијата да стекне 10% удел во австриската Addiko Bank, објаснувајќи зошто Народната банка на Македонија сметала дека Алта е прифатлив инвеститор за преземање на Стопанска банка.
Но, сериозни меѓународни предупредувања за оваа банка се појавуваат уште во октомври 2024 година. Financial Times објавува дека Европската централна банка (ЕЦБ) изразила загриженост во врска со обидот на Alta Pay Group, сопственост на Давор Мацура, да стекне контрола врз австриската Addiko Bank.
Загриженоста се однесувала на:
– процедурите за спречување перење пари,
– внатрешните контролни механизми,
– потеклото на финансиските средства на сопственикот,
– начинот на кој биле стекнувани акциите и пријавувана квалификуваната сопственост.
ЕЦБ ги оспорувала постапките за стекнување контрола и имала забелешки во врска со транспарентноста на сопственоста.
Ако Комерцијална банка била подготвена да ја преземе Стопанска банка, зошто на крајот била избрана српската Алта банка?
(од ФБ профилот на професорката)




