Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАЖИТЕ СЕ НЕОПХОДНИ ВО ГРИЖАТА ЗА СЕМЕЈСТВОТО

November 9, 2021 Filed Under: Македонија

Во поделбата на работите во семејството мажите ги носат една четвртина од обврските

СЕ ПОВЕЌЕ Мажите се повеќе се клучните во семејството во грижа за децата

На 4 ноември, 2021 година (четврток), се одржа панел дискусија на тема Мажите и грижата: Грижлив маскулинитет во Северна Македонија, организирана од Реактор – Истражување во акција. На панелот, се дискутираше за важноста од вклучување на мажите во грижата и родовата еднаквост, европските практики и резултати на оваа тема, напорите кон воведување на политики за унапредување на вклученоста на мажите во грижата и споделено родителско отсуство, како и важноста од родово сензитивно образование и рушење на родовите стереотипи. Панелистите ја нагласија потребата од препознавање на вредноста на неплатената грижа и потребата од изнаоѓање соодветни формални решенија за неформалната економија на грижа.

Ели Скамбор, директорка на Институт за мажи и родови прашања од Грац, Австрија, во своето обраќање нагласи дека мажите треба да можат да се грижат за децата, партнерите, болните и постарите лица, но и за себе си. „Рамнотежа помеѓу приватниот и работниот живот мора да се постигне со вклучување на мажите во активностите за грижа, со што ќе се унапреди родовата еднаквост и дистрибуцијата на неплатената и платената работа. Мажите имаат бенефит од вклучување во активностите поврзани со грижа, позадоволни се од партнерството, имаат подобра врска со своите деца, а децата учат што значи родова еднаквост во пракса.“ додаде таа.

„Во просек, жените во Република Северна Македонија извршуваат 72,5% од вкупната неплатена работа поврзана со грижа, додека придонесот на мажите е околу една четвртина од вкупниот обем на работа. За жал, сѐ уште не е препознaена вредноста на неплатениот труд на грижа, но доколку оваа работа од страна на жените во Република Северна Македонија се вреднува дури и со минимална плата, во текот на една година, минималната монетарна вредност би била 1,917,895,508 €, што е 17,18% од бруто домашниот производ (БДП) на Република Северна Македонија за 2019 година“. – велат од Реактор, во презентацијата на нивната најнова студија, насловена Мажите и грижата (МиГ): Грижлив маскулинитет во Северна Македонија, која се фокусира на состојбите со неплатената работа и грижа и меѓу другото ги разгледува и родовите јазови во платената и неплатената работа, фокусирајќи се на мажите и грижата, како и на политиките за родителско и татковско отсуство. Според Реактор, неопходно е унапредување на политиките за грижа, што подразбира измени во националното законодавство и родово посензитивни политики коишто ги земаат предвид и мажите кога станува збор за грижата за децата. „Новиот Закон за работните односи треба да вклучува мајчинско, татковско и споделено родителско отсуство, можност за отсуство за грижа и право на флексибилен работен ангажман. Понатаму, јавните и приватните политики треба да промовираат создавање работни средини кои

ЕЛИ СКАМБОР Рамнотежа помеѓу приватниот и работниот живот мора да се постигне со вклучување на мажите

поддржуваат рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Дополнително, образовните политики треба да промовираат родова еднаквост.“ – заклучуваат од Реактор. На панелот дискутираа и Светлана Цветковска, раководителка на Сектор за еднакви можности, Министерство за труд и социјална политика, која ги презентираше активностите на Министерството за унапредување на родовата еднаквост, како што се предвидените реформи во Законот за еднакви можности на жените и мажите и Законот за работните односи и напорите кон воведување на политики за споделено родителско отсуство;

Марк Гартнер, постар истражувач, Институт за мажи и родови прашања (Verein für Männer- und Geschlechterthemen Steiermark) од Австрија, кој зборуваше за европскиот проект Мажите и грижата, резултатите од истиот и европските практики; и Бојан Јовановски, извршен директор, ХЕРА – Aсоцијација за здравствена едукација и истражување, кој ја нагласи важноста на родово сензитивното образование во рушење на родовите стереотипи и унапредување на родовата еднаквосt.

(Овој настан е во рамки на проектот Грижливи маскулинитети во Северна Македонија, поддржан од Verein für Männer- und Geschlechterthemen Steiermark – Грац, Австрија – со финансиска поддршка од Австриското федерално министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.)

СВЕТЛАНА ЦВЕТКОВСКА Министерството за труд работи на задачата за еднакви можности на обата пола во семејството

Filed Under: Македонија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet