Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МАКЕДОНСКО ЗЛАТО ВО АВСТРИЈА: БЛАГОЈ ГУГИНОВ ГО ОСВОИ ЕВРОПСКИОТ КУП

September 25, 2026 Filed Under: Ревија

Ова е воедно и успех на македонското кајакарство

ПОБЕДНИК Гугинов победи во силна меѓународна конкурнција

Нов одличен резултат за македонскиот кајак спуст пристигна од денешниот натпревар во рамките на Европскиот куп, кој се одржа на реката Мол во Обервилах, Австрија. Македонските натпреварувачи повторно забележаа резултати на меѓународната сцена, а најмногу внимание привлече настапот на младиот Благој Гугинов.

Гугинов, кој настапува за ККК „Арка-Борец“, во јуниорска конкуренција стигна до првото место и се закити со победата во силна европска конкуренција.

На натпреварот учествуваа вкупно 25 натпреварувачи од девет европски земји, што дополнително ја нагласува конкуренцијата во која македонскиот кајакар успеа да се искачи на самиот врв.

Овој резултат е уште еден значаен чекор во развојот на Гугинов, кој со своите настапи продолжува да го потврдува квалитетот и потенцијалот што го поседува. Победата во Обервилах е и продолжение на неговите успешни настапи на меѓународната сцена, со што се отвора простор за очекувања на уште подобри резултати во иднина.

ДОЛИНА НА РЕКАТА МОЛ Оваа средина отсекогаш ги привлекувала кајакарите од европските земји

Во сениорската конкуренција, Македонија имаше свој претставник и во Љубомир Спасиќ. Тој го заврши натпреварот на 17. позиција од вкупно 33 натпреварувачи, во конкуренција во која настапија кајакари од повеќе европски земји.

Настапите на Гугинов и Спасиќ се уште една потврда дека македонскиот кајак спуст продолжува да гради присуство на меѓународните натпревари. Особено во изминатите четири години, македонските репрезентативци бележат континуирани настапи на големите европски и светски натпреварувања, при што значаен придонес имаат и натпреварувачите од ККК „Арка-Борец“.

Победата на Благој Гугинов во Обервилах претставува значаен резултат за македонскиот спорт, но и важен поттик за понатамошниот развој на младите кајакари. Со ваквите настапи, македонските претставници продолжуваат да го градат своето искуство во силна меѓународна конкуренција и да го претставуваат македонскиот кајак на европската сцена.

Filed Under: Ревија

ПРИВИД НА ЕКОНОМСКИ РАСТ СО ПРАЗНА ДРЖАВНА КАСА И ДОЛГОВИ
Бројките на ПИОМ отвораат дилеми за идното финансирање на пензии
МАКЕДОНСКО ЗЛАТО ВО АВСТРИЈА: БЛАГОЈ ГУГИНОВ ГО ОСВОИ ЕВРОПСКИОТ КУП
ЕВРОПА ИМА ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ, БУГАРИЈА – ГОЛЕМА ЗАДАЧА
ПРОБИВАЊЕ НА ОГНЕНИОТ ЅИД

Најново

  • ПРИВИД НА ЕКОНОМСКИ РАСТ СО ПРАЗНА ДРЖАВНА КАСА И ДОЛГОВИ
  • Бројките на ПИОМ отвораат дилеми за идното финансирање на пензии
  • МАКЕДОНСКО ЗЛАТО ВО АВСТРИЈА: БЛАГОЈ ГУГИНОВ ГО ОСВОИ ЕВРОПСКИОТ КУП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet