Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“

May 12, 2026 Filed Under: Ревија

Фестивалот ќе се одржи во знакот на драмскиот автор Дејан Дуковски а неговата претстава „Црно злато“ во изведба на Беградско народно позориште ќе има претстава во Прилеп

„МАЧКИНА ГЛАВА“ Ова е сцена од претставата на Драмски со која ќе се отвори Фестивалот

Според изјавата на уметничката директорка на театарскиот фестивал „Војдан Ченодрински“ – Ана Стојаноска  на оваа смитра на домашното драмско творештво ќе учествуваат 14 претстави од кои десет во официјална конкурнција. Таа тоа го соопшти на неодамнешен прес во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Ова ќе биде јубилејно – 60. издание на Македонскиот театарски фестивал кој ќе се одржи од 5 до 12 јуни. Ќе се одвива под мотото „Храбриот нов театар“ и тематa „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“.

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Мачкина глава“ на Драмскиот театар, која е селектирана во официјалната програма, а ќе биде затворен со гостување на Београдско народно позориште, кое ќе ја изведе последната праизведба на „Црно злато“, во режија на Оливер Фрлјиќ, по текст на Дејан Дуковски, авторот во фокус на фестивалот годинава. Поради јубилејната година, Собранието избра четворица добитници на наградите за животно дело. Тоа се: Атила Клинче, актер, Сашо Миленковски, режисер, Љубомир Чадиковски, основач на Театарот за деца и младинци и сценограф, и Веби Ќерими, актер. По предлог на фамилијата на актерот Кирил Ристоски, Собранието на фестивалот донесе одлука наградата за главна машка улога од годинава да го носи името на големиот актер, заради неговиот придонес кон македонскиот театар воопшто.

– Да се направи селекција за 60-годишниот јубилеј е еден од доминантните предизвици на подготовките на годинашниот фестивал. Како театролог, писателка и, пред сè, како вљубеничка во театарот, оваа сезона за мене беше една од најпредизвикувачките за селекцијата на претставите.
Од изгледаните 54 претстави во македонските институционални театри и независната продукција, како главна одлика се гледа дека доминираат мал број режисерски имиња, квазикомедии што треба да ни покажат дека публиката доаѓа во театар од една причина, како и препрочити на одамна веќе излитени драми. Недостига поголем простор за македонската драма, независно дали е современа или не, а особено претстави што сериозно би ја поставиле македонската драма во современ контекст. Иако на репертоарите на театрите имаше македонски драми, сепак недостигаше современ ракопис што треба да покаже како треба да изгледа денешната современа драма кај нас, а истовремено некои од претставите работени според македонските драми не беа на соодветно ниво во однос на актуелниот театарски контекст – вели Ана Стојаноска во експликацијата на програмата.
За неа современиот театар денес треба да има став и коментар на состојбата во која се наоѓаме, треба гласно и јасно да ги детектира аномалиите на општеството и да покажува сериозна професионалност.
– Од она што го видов на македонските театарски сцени, има одлични примери во независната продукција и ретки исклучоци во институционалната продукција. Затоа концептот за ова издание го подредив на темата „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“. Оваа селекција покажува дека има актери што некако логично доаѓаат до своите претстави и доминираат во нив. Станува збор за неколку избрани актерски креации што вреди да бидат презентирани.
За наградите на фестивалот ќе одлучува жирито во состав: Снежана Конески-Руси, актерка и режисерка, Дарко Лукиќ, театролог, независен театарски научник и автор од Хрватска, и Аида Буквиќ, наградувана театарска и филмска режисерка од Хрватска. Во рамките на големиот јубилеј ќе му биде посветен ден на авторот во фокус Дејан Дуковски, ќе бидат организирани три изложби, од кои едната со фокус на 60 години фестивал ќе биде отворена за време на отворањето. И годинава ќе биде организиран Музеј во движење, со фокус на творештвото на актерите Благој Ивчески, Лидија Иваноска и Трајче Иваноски. И годинава фестивалот ќе ја организира Детската зона, студентите на ФДУ ќе учествуваат во улични театарски перформанси и ќе бидат организирани промоции

 

Filed Under: Ревија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet