Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МЕРКЕЛ ГО НАЈДЕ СВОЈОТ НАСЛЕДНИК – ЛАШЕТ

January 19, 2021 Filed Under: Свет

Лашет се појави како очигледен кандидат за континуитет, откако штитеничката на Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер, ја објави својата оставка

ВО ВТОРИОТ КРУГ Меркел го доби наследникот во вториот круг, кога Лешет го престигне дотогаш првопласираниот Мерц

Премиерот на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, е избран за нов лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на онлајн-конгресот што се одржуваше вчера и денеска. Лашет го победи во вториот круг Фридрих Мерц освојувајќи 521 глас. Мерц доби 466 гласови. Претходно во првиот круг во водство беше корпоративниот адвокат Мерц, кој освои 385 гласови; зад него беше Лашет со 380, додека трет беше Норберт Ретген (претседател на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот) со 224.

Победата на Лашет значи продолжување на прагматичната политика на партијата за време на  Ангела Меркел. Оваа силна победа го става Лашет (поранешен европратеник и франкофон) во голема предност да биде кандидат за канцелар на конзервативниот блок. Одлуката за ова треба да се донесе во март. Анкетите велат дека најголемиот дел од конзервативните гласачи сакаат Маркус Зодер, премиер на Баварија, да биде следен канцелар.

ЛЕЖЕРЕН Во својата покраина го бие глас дека е лежерен, при што се мисли дека бил индиферентен во однос на пандемијата

Лашет се појави како очигледен кандидат за континуитет, откако штитеничката на Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер, ја објави својата оставка од претседателската функција во ЦДУ во февруари 2020 година, која се бореше да го наметне својот авторитет по бунтот на партијата на истокот. Но, додека Лашет ужива високи оценки за работата во најнаселената германска држава и премолчена поддршка во седиштето на партијата, тој се бори да ги отстрани сомнежите за неговата подготвеност за националната и за меѓународната сцена. Алармите за некои се вклучија на минатогодишната конференција за безбедност во Минхен, кога Лашет инсистираше да зборува на германски на дебатата на панелот на англиски јазик за иднината на ЕУ. Управувањето со пандемијата на 59-годишниот Лашет во Северна Рајна Вестфалија ги зголеми ваквите грижи поради „лежерниот Лашет“ привлекувајќи повеќе критики за неговото раководење отколку лидерите на држави со посериозни избувнувања на болеста.

Filed Under: Свет

ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ
НA САРАЕВО ФИЛМ ФЕСТ: ДВА ФИЛМА – ПЕТ НАГРАДИ
ЦЕНАТА НА ВОЈНАТА ПОЧНА ДА СЕ ФОРМИРА ПРЕД ОЧИТЕ НА НАЦИЈАТА!

Најново

  • ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
  • ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
  • ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet