Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МОЖЕ ЛИ ЧОВЕК ДА …

March 2, 2020 Filed Under: Колумни

ЉУБМИР Д.ФРЧКОСКИ

Ме стонира, драги мои, изјавата на обвинетото квир лице, во нарцистичка поза и во некакво распрснато задоволство од сопственото исклучување во позицијата на обвинет и веројатно виновен и веројатно иден осуденик – ДАЛИ МОЖЕ ЧОВЕК ДА БИДЕ ОСТАВЕН БЕЗ ГАРДЕРОБА?

Јaк став наспроти сè! Скоро па да создава ново „меко право“ наспроти машината која го меле, која веројатно ќе го здроби и промени целиот негов живот со робија долга, наспроти процедурите и товарот и суровоста на правото во судските постапки кои се мачна, сива левијатанска ламја која кога те товари, те гмечи – една сосема откачена, една авто-поетска изјава која е поставена во друг хоризонт на време и вредности, во камп-естетика на посмодерната игра со тривијалноста и жовијалноста – имено, како без гардероба по ѓаволите, па макар и на бесилка да ме носите ?

Кога во „Де Профундис“ Оскар Вајлд се сеќава, потполно надвор од стварноста на истата машина која го згмечи, на кадифеното палто кое му го облакувал-соблекувал на младиот Бoузи, тоа е таа иста одлепеност од стварноста која се одбива да се признае макар убила. Овде во нашава бара кој му го става и симиња палтенцето не е најважно, можеби осудениот до него, сетики контекстот на засновување автопоетичен паралелен свет ме стонира велам!

Има еден цитат од Џон Фаулс кој вели: „Што и да доаѓа ни припаѓа нам“. Тоа во случајов е одбивање на реалноста и посегање по она што доаѓа на начин што се конструира желбата „тоа ми припаѓа, како е можно без него да ме оставите“? Кој сте Вие тука? Што му правите на моето тело? Тоа што ми припаѓа не можете да го земете ? Како е возможно да ме оставите без него?

Тоа е таа страотна итност на она сега, на нашето неотуѓиво право на живот каков сакаме и посег по среќата (со зборовите на  М. Л Кинг Џуниор). Тоа пресега преку криминалот кој веројатно е сторен, преку парите кои не се негови со кои е поткрепена желбата – но таа блешти и засенува!

Добро добро, на сите нам ни се јасни реалноста на владеењето на правото, што и да значи тоа во наш контекст, на пресудата и казната која ќе следи и тоа некако ‚„ќе победи“ и во овој случај. Но можната сепарација (Лакан) на субјектот од Големиот друг, од идентитетот кој му е подарен дури низ  криминален чин,  застанат во анксиозност пред портата на правото (Кафка)  да не се согласи со сè наоколу,  да ги убие своите херои … да го „убие“ авторитетот за да го засака повторно него и неговите падови и, најважно од сè, да не се откаже од својата желба (Лакан повторно) .

 

Filed Under: Колумни

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet