Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НЕ Е ДОВОЛНО ДА СЕ ОСТАНЕ САМО СО ОСУДА ЗА НЕДЕЛКОВСКИ И НАВИВАЧИТЕ

May 19, 2026 Filed Under: Колумни

КРИСТИНА КОСТОВА

Премногу е гласна тишината на жените функционерки од ДПМНЕ и од другите партии. Исто како што е очигледно дека одредени партии реагираат на мизогиниот говор на Неделковски селективно

Колку што се грди, примитивни, мизогини и одвратни зборовите на извршниот директор и играчите на „Вардар“, толку се и целосно очекувани и не претставуваат никакво изненадување.

За жал, во нашата култура долго време се негува и нормализира гнасен говор за жените, и тоа особено во десниот камп.

Затоа нема простор за изненадување и фрапирање, оти секојдневие станаа нивниот простаклук, вулгарност и говор на омраза, особено од дотичниот директор.

Вчера беше погодена позната музичка ѕвезда, денеска уште една политичарка, а во минатото еден куп политичарки и јавни личности, па дури и девојките кои протестираа и бараа правда за Кочани минатата година; премногу жени биле предмет на вербално малтретирање од страна на Миленко Неделковски. Тие вербални деликти остануваат неказнети, иако преку истите влијателниот директор ги подбуцнува и инспирира обожавателите кои ги дели со ДПМНЕ на насилнички јазик кој пречесто од социјалните мрежи се прелева во реалноста.

Миленко Неделковски не е некој нонејмер, некој неконсеквентен грев што се сили на социјалните мрежи. Не, тој е влијателен чинител секогаш кога е ДПМНЕ на власт. До толку што и Вишото обвинителство продолжува да го штити, дури и кога се заканува дека ќе закопа новинари под бетонска плоча.

Кога тој е гласен и дрско непоколеблив во неговата мизогинија им испраќа сигнал на одобрување на сите дека таквото однесување и таквиот говор се прифатливи. А, не се. Или, барем, не треба да бидат.

Е потребна итна регулација особено на говорот на социјални мрежи, кои сиве овие години остануваат „ничија земја“ и плодно тло за вербализирање на најгнасните мисли и нивно нормализирање. Оти говорот на омраза, насилство и женомразаштво раѓа омраза, насилство и женомразаштво.

Не е доволно да се остане само на осуда за Неделковски и навивачите, но и тоа е почеток.

Сепак, е премногу гласна тишината на жените функционерки од ДПМНЕ и од другите партии. Исто како што е очигледно дека одредени партии реагираат на мизогиниот говор на Неделковски селективно.

Осудата за женомразачкиот говор и сеопфатно однесување на Неделковски треба да е конзистентен став – и кога тој ја навредува Богданка или Кристина, но и кога ја навредува Весна, и Каролина, и девојките кои протестираа за правда за Кочани, и која било жена…

Не за селективна осуда, во зависност од тоа дали ни се допаѓа оштетената или не, туку за принципиелен став дека мизогинијата е апсолутно неприфатлива во секоја општествена пора!

Filed Under: Колумни

ВЛАДАТА РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ЈА УКИНЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА ИЛИ ДА ГИ УКИНЕ ТАРИФНИТЕ БЛОКОВИ!
ЛУКАРЕВСКА: РЕАЛНОСТА Е СИРОМАШТИЈАТА И СКАПИТЕ СМЕТКИ А НЕ „ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ“
ФАЛСИФИКУВАНА СЛИКА НА МАРТИНОВСКИ НА ЛОНДОНСКА АУКЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (179): БИТКА ДО ПОСЛЕДНИОТ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИК
ПОБЕДА, ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ! А РЕАЛНОСТИ?

Најново

  • ВЛАДАТА РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ЈА УКИНЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА ИЛИ ДА ГИ УКИНЕ ТАРИФНИТЕ БЛОКОВИ!
  • ЛУКАРЕВСКА: РЕАЛНОСТА Е СИРОМАШТИЈАТА И СКАПИТЕ СМЕТКИ А НЕ „ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ“
  • ФАЛСИФИКУВАНА СЛИКА НА МАРТИНОВСКИ НА ЛОНДОНСКА АУКЦИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet