Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПАРТИЈАТА ПОБЕДНИК Е ПРОГНОЗИРАНА, РЕЗУЛТАТОТ Е ПОТЕСЕН

July 21, 2020 Filed Under: Македонија

Аналитичари за изборите: СДСМ треба да има шанса да обезбеди мнозинство да формира влада

ШАНСА Даниел Сервер смета дека СДСМ треба да ја има шансата

Резултатот е тесен, но е одраз на сликата на теренот во Македонија, велат експерти и очекуваат тешки преговори за коалицирање

Долгогодишните аналитичари за балкански прашања, професорот Даниел Сервер од Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, и Флоријан Бибер, професор за југоисточна европска историја и политика при Универзитетот во Грац, Австрија, наведуваат дека резултатот од изборите во Македонија е очекуван, но претстојат тешки преговори за коалицирање во жешкото лето.

– Многу тесен исход. Заев оствари добар учинок со надминување на оспорувањето на Договорот од Преспа од опозицијата, но и ВМРО-ДПМНЕ постигна извонреден резултат во оправување од времето на Груевски. Добра вест е што се одржаа избори, резултатите се јасни и сега останува на партиите да преговараат за формирање влада, а тоа ќе биде тежок процес – коментира Сервер.

Кој ќе формира Влада?

„Кој ќе обезбеди мнозинство во Парламентот, ќе ја води државата. Нормалниот процес е СДСМ да добие прв шанса да формира влада, но зависи и што ќе одлучи ДУИ и другите албански партии. Тоа, во голем дел е согласно со традицијата во Македонија, кога при преговарањето меѓу македонските политички партии, им остава на албанските партии да биде клучни во процесот“, смета американскиот аналитичар.

ГУБИТНИК ВМРО ДПМНЕ е губитникот и со тоа треба да се помири – не успеа да го капитализира прашањето на промена на името

На иста линија е ѝ долгогодишниот аналитичар за Балканот од Универзитот во Грац, Австрија, Флоријан Бибер.

„Јасно е дека партијата со најголем број гласови, треба прва да има шанса да формира влада. Аргументот да се поаѓа од националност или етничноста е апсурден. Се работи за волја на мнозинството од гласачите. СДСМ има најголем број гласови со коалицијата пред изборите. ВМРО-ДПМНЕ е губитник на овие избори, беа во опозиција изминатите години и не успеаја да капитализираат на прашањето со промената на името, туку имаат послаб резултат. СДСМ минатите избори заврши на второто место, а сега освоија најмногу гласови и веројатно ќе формираат коалиција со било која албанска партија“, оцени Бибер.

Според Бибер, сликата на теренот и начинот на кампања ја доловува реалноста во која се наоѓа Северна Македонија на политички план –

„Би рекол очекувани, како што се очекуваше тесна трка меѓу Социјалдемократите и ВМРО-ДМПНЕ. СДСМ се очекуваше да има блага предност, иако резултатот е малку потесен, отколку што се прогнозираше. Севкупно, исходот од изборите не е изненадувачки, и е одраз на сликата на теренот – ВМРО-ДМПМНЕ не капитализираше на кампањата што ја водеше, а социјалдемократите не добија целосна доверба од гласачите на изборите“, вели професорот од Универзитетот во Грац.

 

Filed Under: Македонија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet