Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА „ГО САКАМ ВОДНО“ НЕ БИЛ НАПАДНАТ НА РАСПРАВАТА ЗА ДУП-ОТ ЗА ТРНОДОЛ

December 24, 2019 Filed Under: Македонија

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи во написот кој е преземен од новинската агенција „Мета“, воопшто не се спомнува дека претседателот на „Го сакам Водно“ е нападнат од активист на СДСМ

СИЛВАНА ЖЕЖОВА

Во преполната сала на месната заедница во Козле дојде до тепачка помеѓу групи на граѓани, пренесува „Мета“.Дел од присутните изразија незадоволство што Општина Карпош го форсира донесувањето на овој ДУП со кој се предвидува зголемување на урбанизацијата, изградба на три шесткатници кај каналот за спречување на поплави во Трнодол и изградба на индивидуални објекти високо на Водно.

Текстот што го рецензираме е пренесен коректно и е објавен линк до изворот, но насловот не произлегува од содржината. Во оригиналниот напис воопшто нема таква информација дека претседателот на „Го сакам Водно“ бил нападнат од активист на СДСМ. Во насловот исто така не се споменува ниту каде се случил нападот (на расправата за ДУП-от за Трнодол, Жданец и Козле во преполната сала на месната заедница во Козле), па на читателот му остава простор за произволно толкување.

На насловот реагираше и претседателот на „Го сакам Водно“, Андреа Јанков, кој на неговиот фејсбук-профил демантираше дека бил нападнат. Тој воопшто не бил присутен на расправата.

За настанот се огласија и од иницијативата „Го сакам Водно“ кои од нивни извори дознале дека постоел напад врз граѓански активист од иницијативата „Спас за Водно“, жител на Трнодол, од страна на лице кое не е жител на Трнодол, а бил вработен во Општината во минатото.

„Го сакам Водно“ најостро ги осудува физичките напади од било која страна, и не можеме да не реагираме на неадекватната заштита на јавната расправа, која, иако отворена, се очекуваше да биде тензична. Општината не смее да организира ваков настан на ваква сензитивна тема и во тензична атмосфера без да обезбеди минимум безбедносни услови, а уште помалку да дозволи партиски членови или (бивши) вработени да напаѓаат луѓе, се вели во реакцијата на „Го сакам Водно“.

Правилото за наслов на текст е дека тој произлегува од содржината на текстот, кој во написот што го рецензираме не е запазено. Имајќи предвид дека се споменува лице инволвирано во случајот, потребна е негова изјава за потврда или негирање. На медиумот, не е објавена ниту реакцијата на претседателот на „Го сакам Водно“, нема извинување кон него, а не е сменет ниту насловот наспроти фактот дека тој не бил нападнат од одредено лице кое наводно бил активист на СДСМ.

(Критинк)

Filed Under: Македонија

ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ
НA САРАЕВО ФИЛМ ФЕСТ: ДВА ФИЛМА – ПЕТ НАГРАДИ
ЦЕНАТА НА ВОЈНАТА ПОЧНА ДА СЕ ФОРМИРА ПРЕД ОЧИТЕ НА НАЦИЈАТА!

Најново

  • ФУШЕРИ ЗА ЕКОНОМИЈА
  • ВЛЕН – ДУИ: КОЈ Е ЗАСЛУЖЕН ЗА НЕИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- БЛАЦЕ?
  • ИЗРАЕЛ НЕ ВОВЛЕЧЕ ВО ВОЈНАТА: АЛАРМ ОД ПРЕД ШЕТ МЕСЕЦИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet