Во еден сегмент на аналитиката на порталот „Пари“, се осветлува како економскиот амбиент во првото полугодие од годинава се рефлектирал врз ликвидноста на компаниите. Не успеале да преживеаат 4.874 фирими, Колку има новотворени бизниси?
Во првите 6 месеци од годинава се отвориле 3.768 фирми, а лани во истот период се отвориле 3.785. Оваа бројка што ја откриваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажува дека годинава инвеститорите биле дури и повоздржани од пандемиската 2021 година, па за 6 месеци отвориле 17 фирми помалку од истиот период лани. Иако, разликата во бројките е мала, покажува дека, за жал, енергетската криза која почна од крајот на минатата година, и покрај подобрувањата во однос на пандемијата, ги натера инвеститорите да бидат воздржани. Но, исто така, експертите укажуваат и дека растот на цените, како на енергентите, така и на транспортот и на другите суровини, значително удри по ликвидноста на компаниите, па не им остави простор за проширувања и отворања на фирми-ќерки, или на други независни фирми.
Новоотворни фирми во првите 6 месеци во 2022 и во 2021
Новоотворени фирми јануари-јуни 2022 | 3.768 |
Новоотворени фрими јануари- јуни 2021 | 3.785 |
Во првото полугодие од оваа година, како што е вообичаено, најмногу фирми се отвориле во март – 702, или 18,6 отсто од сите новоотворни фирми.
Јасно е дека најмногу фирми се отвориле во Скопје, како и во другите поголеми градови, но каде се „случило чудо“ па никнала нова фирма?
Податоците на БизнисМрежа.мк покажуваат дека Дебарца, Лозово и Ресен добиле по една фирма. По две фирми се основале во Карбинци и во Градско. По 3 нови фирми во Чучер-Сандево, Чашка, Маврово и Ростуше, Кривогаштани, Конче и Зрновц. По 4 фирми има во Чешиново-Облешево, Центар Жупа и во Пехчево. По 5 фирми пак, има во Вевчани, Демир Капија и во Могила.
Првата петорка, пак, со најголем број на отворени фирми во првото полугодие од годинава, заеднички придонела во големото бизнис семејство со 2.285 нови фирми. Лани во истиот период, вкупната бројка на новоотворени фирми во 5 градови каде имало најмногу нови уписи на основање, е 2.155, односно 130 фирми помалку од оваа година. (Извор: БизнисМрежа.мк)