Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РИБОЛОВЦИТЕ ДА ЗАБОРАВАТ НА МАРВОСКО ЕЗЕРО ДО ФЕВРУАРИ!

November 5, 2026 Filed Under: Ревија

Националниот парк апелира да не се оди на риболов се до почетокот на февруари за да се овозможи ефект од порибување то со крапот

ПОРИБУВАЊЕ Неодамна дојде до ново порибување со крап на езерото и водотеците кои водат кон неговите води

ЈУ Национален парк „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од 01.11.2026 година до 31.01.2027 година завршува сезоната за спортски риболов на сите води во Националниот парк „Маврово“.

Новата сезона за спортски риболов ќе започне на 01.02.2027 година и ќе трае до 31.10.2027 година.

Ги замолуваме сите спортски риболовци и посетители, да ја почитуваат забраната за риболов во наведениот период и со своето одговорно однесување да придонесат за зачувување на рибниот фонд, заштита на водните екосистеми и одржување на природната рамнотежа во Националниот парк Маврово.

ЈУ Национален Парк Маврово, на сите риболовци и наши драги пријатели им се заблагодарува за нивната несебична соработка со паркот, изразена преку почитување на сите законски одредби, правила и прописи, како и поседување на уредна документација, риболовни дозволи, риболовни легитимации и соодветна риболовна опрема.

Посебно ви се заблагодаруваме за вашата соработка за време на светското крапско првенство каде што покажавте високо ниво на разбирање кон нас како домаќини на овој важен настан, кон нашите партнери и пред се кон нашите вработени од секторот за заштита.

Треба да се потсетиме дека од 2 до 6 септември 2026 година, Мавровското Езеро беше домаќин на 26. Светско првенство во крапски риболов. Настанот беше организиран од Македонската риболовна федерација а првенството обедини 33 национални репрезентации од целиот свет.
За првпат Македонија беше домаќин на светско првенство во спортски риболов – значаен момент за нашиот спорт. Првенството помина во знакот на натпреварувачкиот дух, ферплејот и дружењето меѓу учесниците. Светската титула ја освои Украина, второто место ѝ припадна на Унгарија, а третото на Литванија.

Овој настан беше можност пред светската риболовна јавност да ги претставиме Маврово и природните убавини на Македонија.
Инаку езерото постојано се порибува. Нови количества рибен подмладок се пуштени во Мавровско Езеро и водотеците на територијата на Националниот парк „Маврово“. Во рамки на Годишниот план за порибување, водите биле збогатени со 200 килограми пастрмка и 200 килограми крап.

Од Националниот парк „Маврово“ информираат дека порибувањето е дел од континуираните активности за одржување и унапредување на рибниот фонд, како и за зачувување на природната рамнотежа во водните екосистеми.

– Заштитата на водите и рибниот фонд се наша заедничка одговорност. Со почитување на правилата и одговорно однесување, придонесуваме за зачувување на природното богатство на паркот – наведуваат од НП „Маврово“.

 

 

 

Filed Under: Ревија

МИЦКОВСКИ ГО СПОМЕНУВА НАТО ЗА СПОЈУВАЊЕ НА АНБ И АР
ПАДОТ НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ И ШТО НОСИ СЛОБОДАТА?
МАНЧЕВСКИ ВО ТОКИО ОТИДЕ СО ШАХТА А СЕ ВРАТИ СО ГЛАВНА НАГРАДА
ДEБАКЛ НА ТРАМП И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ: ДЕМОКРАТИТЕ ЈА ПРЕЗЕДОА КОНТРОЛАТА ВРЗ КОНГРЕСОТ
ЕДНА КОШНИЧКА ИМАВМЕ И ТАА НИ ЈА ЗЕМАА

Најново

  • МИЦКОВСКИ ГО СПОМЕНУВА НАТО ЗА СПОЈУВАЊЕ НА АНБ И АР
  • ПАДОТ НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ И ШТО НОСИ СЛОБОДАТА?
  • МАНЧЕВСКИ ВО ТОКИО ОТИДЕ СО ШАХТА А СЕ ВРАТИ СО ГЛАВНА НАГРАДА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet