Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РОДОЉУБИЕТО НА РОДОЉУБ

April 14, 2026 Filed Under: Ревија

На 91 година почина уште еден доајен на ликовната уметност кој живееше во Скопје. Важи за единствениот кој целото свое дело кое е непродадено во неговото атеље го предаде на Музејот на град Скопје. Се работеше за близу 400 дела

НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ Постојано го сликаше градот и луѓето во него со некаква микнимална фигуративност

Анастасов, како уметник од светски ранг, е задолжително четиво за помладата генерација архитекти и љубители на уметност.

Анастасов е роден во Скопје на 25 февруари 1935 година. Татко му Славко бил трговец кој потекнува од скопската фамилија Анастасови а неговата мајка Ефтимија – Ефка Серафимова потекнува од тетовската трговска фамилија Серафимови. Во 1962 година дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 година бил на робија на Голи Оток. Според некои записи додека го служел воениот рок зборувал дека македонското прашање не е решено сосема и за тоа бил затворен. Други пак велат дека се работи за негово критикување на ставот на броз кон апстрактното сликарство.

По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 година до пензионирањето бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 2011 година, Анастасов на Музејот на Град Скопје му подарил колекција од вкупно 389 ликовни дела.

Родољуб Анастасов, човекот, уметникот, кој преживеал две и пол години на Голи Оток, не дозволил да му го скршат духот, туку напротив, неговото сликарство добило нова длабочина. Неговото наследство е такво што дури и внукот на Клод Моне ќе каже дека Анастасов е најпсихолошкиот автор на сите времиња. Човек кој не само што оставил трага во македонската уметност, туку и на светско ниво, и дал ново значење на уметноста која преминува во вечност.

Сликар од светски ранг, роден во Скопје. Toj e еден од најважните уметници во современата македонска уметност, човек кој долго им пркоси на годините со очи полни живот и љубов. Полн спомени, но и жеден за нови. Во делата на Родољуб, просторот, времето и човекот се главната тема на творештво. Задолжително четиво за помладата генерација архитекти и љубители на уметноста.

Големиот македонски уметник , како педагог, беше фокусот и на изложбата со дела од неговите студенти, отворена во Музејот на град Скопје минатата година. Изложбата собра огромен број на почитувачи на неговото импозантно дело и јавни личности од сите сфери на живеење, а во чест на неговиот 90-ти роденден. Во Музејот беше поставена и табла за секој да му напише желба или честитка на Анастасов, кој, седнат, ги дочекуваше гостите.

Јасминка Намичева, кураторката на изложбата, истакна: „Сакавме да направиме нешто невообичаено. За творештвото на Анастасов многу е зборувано, пишувано, организирани се изложби. Тоа е огромно творештво. Ако правевме нешто ново, тоа требаше да биде голема ретроспектива. Наместо тоа, решивме да го прикажеме неговиот друг, подеднакво значаен аспект – педагошката работа. Затоа, ги собравме неговите студенти и еве ја изложбата“.

МЕЃУ 500-ТЕ НАЈЗНАЧАЈНИ Високо рангиран во списокот на значајни поединци на Американскиот библиографски институт

Да имате жив уметник со такво значење, не само кај нас, туку и на светско ниво, е голема привилегија. Организацијата на изложбата беше неизбежна – едноставно, мораше да се случи“.

На прашањето, како се избираа уметниците што учествуваат? Јасминка одговара: „Немаше класична селекција. Вклучени се сите што биле дел од неговата класа на Ликовната академија од 1980 до 2000 година. Некои од учесниците се и од Средното уметничко училиште и Педагошката академија.“

Инаку последната изложба на негови дела била во јули 2023 година, со портрети кшто тој ги направил а насловена како „Визии – гава полна со луѓе“.

Американскиот библиографски институт го ставил Анастасов во 500-те најзначајни луѓе на светот.

Инаку многу текстови кои се познати во јавноста кога ќе се побараат денес не се отвораат со назнака „мртва врска“. Ова е резултат на бриѓшењето на меморабилијата коај ја соржат архивите на најзначајните весници во земјава кое беа затворени практично уништени од страна на МПМ под раководство на Срѓан Керим.

Filed Under: Ревија

ЕКОНОМИЈА: КОЈ СО ОРБАН ТИКВИ САДЕЛ…
ШЕЌЕРИНСКА: НАТО E БУДНО, ПРЕСРЕТНАВМЕ ЧЕТИРИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ А ЗАШТИТЕНА Е И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
НЕСПЕХОТ НА ОРБАН: ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА УНГАРИЈА, ПОМИСЛЕТЕ НА БУГАРИЈА
ДА НЕ БЕШЕ УНКО, НЕМАШЕ ДА БИДЕ ГОРАН, ДА НЕ БЕШЕ ГОРАН НЕМА ДА БЕШЕ ДЕЈАН
ВЛАДАН ЃОКИЌ: МОЈАТА ПРЕМИЕРСКА ИЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКА УЛОГА ЌЕ ЈА ОДРЕДАТ СТУДЕНТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ

Најново

  • ЕКОНОМИЈА: КОЈ СО ОРБАН ТИКВИ САДЕЛ…
  • ШЕЌЕРИНСКА: НАТО E БУДНО, ПРЕСРЕТНАВМЕ ЧЕТИРИ БАЛИСТИЧКИ РАКЕТИ А ЗАШТИТЕНА Е И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • НЕСПЕХОТ НА ОРБАН: ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА УНГАРИЈА, ПОМИСЛЕТЕ НА БУГАРИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet