Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СРПСКО-МАКЕДОНСКИ РАЗГОВОРИ ЗА НАШИОТ МЕДИУМСКИ ПРОСТОР

May 19, 2026 Filed Under: Ревија

На што се должи посетата на земјава на српски функционери викендов, одговор чувме на Бихаќка

ОД ПОСЕТАТА НА ВУКЧЕВИЌ Фотографија на која се претставуваат оние кои ја шират својата тв мрежа тука

Петер Маѓар најавува истрага за 4iG во Унгарија – Вучевиќ во Скопје за спас на пропагандната машинерија на ВМРО и СНС. Ова беше главна тема на прес конференција на СДСМ која ја водеше Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор.

Беше соопштено дека Милош Вучевиќ, претседателот на СНС, престојувал во Македонија.. Вистинскиот повод за доаѓањето на Вучевиќ и средбата со Христијан Мицкоски е спасување на медиумската мрежа која со години служи за пропаганда на двете сестрински криминални организации (СНС и ВМРО-ОКГ), вели Кузевска.

Видовме партиски состанок на којшто присуства и Адамовиќ, почесниот конзул на Македонија во Србија и негов бизнис партнер. Но што бара почесен конзул на партиски состанок? Зарем Мицкоски не рече дека амбасадорот го поставил? Иста приказна како со обвинителот кого не го познавал ама телефонски разговара.

Друг важен дел од агендата е EuroNews и поставувањето на Ивона Талевска за уредник за Македонија.

Покрај Орбановата медиумска мрежа која контролира 40 % од медиумскиот простор во Македонија, ВМРО-ОКГ активно ја користи и трол-фармата и бот-мрежата на својата сестринска партија СНС и Вучиќ.

Падот на Орбан ја загрозува целата добро позната медумска пропагдана шема на оската Орбан-Мицкоки-Вучиќ за контрола на медиумите и политичка пропаганда.

Новиот премиер на Унгарија Петер Маѓар најави ревизија на договорите потпишани за време на владеењето на Орбан, меѓу кои и договорот со 4iG.

Поранешната влада на Орбан го потпишала договорот вреден 4,3 милијарди долари со 4iG само неколку недели пред да ја загуби власта.

Тоа е истата компанија со која владата на Мицкоски склучи договори во Македонија.

Се сеќавате ли дека Мицкоски одеше туристички во Давос каде имаше само еден состанок?

Се сретна токму со претставниците на 4iG. Имаше уште еден состонок, за мигранти, односно економски работници, но него не го пријави.

4iG купија лиценца за четврт оператор на мобилна телефонија.

Токму 4iG имаше задача да обезбеди платформа за поврзување на Орбановата медиумска мрежа во Македонија. Сега македонската јавност очекува одговори од Мицкоски.

Наместо да се крие, да излезе пред граѓаните и да одговори.

Ако тој не каже, истрагите кои се најавуваат во Унгарија ќе ги дадат сите одговори.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста.

Во исто време на својот фејсбук профил се јави и члнот на раковоствотона СДСМ Герасим Лазов со текст – „Ноќните волци“ во акција – спасување на Орбановата медиумска мрежа! Повод тоа што

Милош Вучевиќ, претседателот на СНС, викедот зад нас престојуваше во Македонија. Главната причина за неговата посета е спасување на Орбановата медиумска мрежа во Македонија – пишува Лазов.

На состанокот присуствувал и почесниот конзул на Македонија во Србија, Душан Адамовиќ – бизнис партнер на Мицкоски и офицер за врска меѓу сестринските партии СНС и ВМРО.

На состанокот учествувал и вицепремиерот Иван Стоилковиќ, долгогодишен соработник на српската БИА, кој во Македонија е задолжен за пласирање информации на српските и руските служби.

Тројцата, освен „братската љубов“, ги врзува и љубовта кон Русија.

Меѓутоа, вистинскиот повод за доаѓањето на Вучевиќ е средба со Христијан Мицкоски – треба да се спаси медиумската мрежа која со години служи за пропаганда на двете сестрински криминални организации (СНС и ВМРО-ОКГ).

Друг важен дел од агендата е EuroNews и поставувањето на Ивона Талевска за уредник за Македонија.

Оваа работа таа ќе ја врши заедно со својот долгогодишен партнер, Драган Павловиќ Латас, кој ќе работи од сенка, како што со години работи за српските служби.

Прашање до граѓаните: што точно прави почесниот конзул на Македонија во Србија на внатрепартиски состанок во Македонија?

Одговорот е едноставен – кога може да оди на митинзи на ВМРО, зошто да не дојде и на партиски состанок како висок функционер на СНС.

Покрај тоа што формално ја претставува СНС, Душан Адамовиќ ја претставува и Русија и нејзините интереси. А интересот на Русија е јасен – Македонија да биде што подалеку од ЕУ, за да остане руско влијание на границите на Европа.

Еве така изгледа европска „дипломатијата“ за интереси на Србија и Русија на Мицкоски и неговата криминална група.

Вистината излегува на виделина.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста.

Реформи сега. Европа сега – завршува Лазов.

 

Filed Under: Ревија

ВЛАДАТА РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ЈА УКИНЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА ИЛИ ДА ГИ УКИНЕ ТАРИФНИТЕ БЛОКОВИ!
ЛУКАРЕВСКА: РЕАЛНОСТА Е СИРОМАШТИЈАТА И СКАПИТЕ СМЕТКИ А НЕ „ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ“
ФАЛСИФИКУВАНА СЛИКА НА МАРТИНОВСКИ НА ЛОНДОНСКА АУКЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (179): БИТКА ДО ПОСЛЕДНИОТ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИК
ПОБЕДА, ПРИНЦИПИ И ВРЕДНОСТИ! А РЕАЛНОСТИ?

Најново

  • ВЛАДАТА РАЗМИСЛУВА ДАЛИ ДА ЈА УКИНЕ ЕВТИНАТА СТРУЈА ИЛИ ДА ГИ УКИНЕ ТАРИФНИТЕ БЛОКОВИ!
  • ЛУКАРЕВСКА: РЕАЛНОСТА Е СИРОМАШТИЈАТА И СКАПИТЕ СМЕТКИ А НЕ „ТРЕТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ“
  • ФАЛСИФИКУВАНА СЛИКА НА МАРТИНОВСКИ НА ЛОНДОНСКА АУКЦИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet