Секако дека Бугарија може во иднина да не блокира на нашиот пат кон Унијата, како што тоа го направи после 2020 година, откако гласаше за почеток на преговорите. Но сега нема такво нешто а ако мислиме на некои идни такви нешта, тоа е плашливост, немање на храброст, немање на визија – рече во гостувањето ан Студо 10 на 24ТВ
Андреја Стојковски, од Институтот „Преспа“ вели дека „не само што очекувам дека Предлогот на Унијата ќе помине, туку мислам и дека треба да помине“.
Тој вели дека НВО секторот и во оваа влада и во претходната била периодично брифиран за тоа што се прави на релација на бугарско-македонските преговори, кои проблеми изникнуваат и како тие да се надминат. Со овој министер, мислејќи веројатно на Османи, истакна тој, таа релација е позачестена во однос на претходниот министер.
Стиојковски цени дека е добро што одредени текстови ги имаме пред нас и тоа на македонски, но мора да земе предвид дека во овие преговори често работите се менуваат преку ноќ. Некои работи и не можат да се споделат, бидејќи станува звбор за работна верзија.
Ако говориме за тоа дали францускио предлог е добар или лош, како граѓанин на државата мора да речам дека е лош, но како човек кој целиот работен век го поминал на политиката на ЕУ за проширувањето е исто така лош ама ако ја гледаме реалната состојба, фактот дека на илјада километри од нас се води војна овој предлог е добро решение. И ако ги погледнам решенијата што ги имаше нашата и другата страна во спорот (до сега) мислам дека ова е многу добар предлог.
Во однос на критичарите на предлогот од страна на некои негови колеги кои работат на евроинтграциите тој рече дека мора да го гледаме светот низ призмата на тоа како е тој сега икако ние живееме со него. Стојковски рече дека жали дека гледа само еден професор кој ги подучувал неговите генерации на аналитичари и новинари за тоа што е меѓународна политика. Мислеше на проф.Малески. Од тој аспект, ако се гледа преговарачката рамка, која се се однесува само еднаш и потоа никогаш не се менува. Таму стои дека севкупната европска потребна документација се преведува на македонски јазик. Појасно од тоа не може да има. Преговорите можат да траат до крајот на деценијата а ЕУ нема да ги фрли тие преведени документи! Од сега па натаму македонскиот јазикм е службен јазик на Унијата.
Стојковски беше дециден – не гледам како предлогот го загрозува македонскиот јазик и идентитет.
Во однос на работата на заедничките терла со Бугарија тој истакна дека ние имаме договор за добрососедство со Бугарија и кон него треба да се пристапи како кон акт кој треба да се почитува, односно дека не треба да биде само израз на добри чувства кон другата страна (Pcta sunt servanda – Договорите се за да се импелемнтираат). Но Европската комисија еднаш годишно ги разџгледува извештаите од потписниците (ние и Грците кај Преспанскиот договор односно ние и Бугарите кај вториот договор) кои се билатерални и сразмерни. Од тие извештаи Комисијата значи прави извештај кој не е оценка, ниту притисок! Тоа не е документ кој треба да се успвојува од Советот.
Да се разбереме, нема гаранција дека овој момент Бугарија нема да го злоупотреби во иднина. Но, нема гаранција дури ни без предлогот. Бугарија во 2020 година гласаше за почеток на преговорите ама потоа две години истите ги блокираше.
Од нас зависи дали сега ќе ги продолжиме преговорите, бидејќи 30 години јас работам на таа надворешна политичка преокупација- членство во ЕУ (влезот во НАТО веќе е имплементиран) а ако почувствуваме дека преговорите нема да ни одговараат да излеземе од таа авантура. Сега нема такво нешто а ако мислиме на некои идни такви нешта, тоа е плашливост, немање на храброст, немање на визија.