Од крајот на септември пензионерите ќе добијат нови пензии, соглсно на нови измени на соодветниот Закон. Тие ќе бидат зголемени за 7 до 10 отсто. Се градат нови градинки – Со правилен детски развој во установи ќе биде опфатена половина од дегтската поипулација! Што значи проектот „Bebbo“?
Меѓу првите задачи кога дојдов како министерка беше измената на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој што се регулирани пенизиите. Заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери и Партијата на пензионери во Република Северна Македонија, преку социјален дијалог, дојдовме до измени на законот со цел подобрување на животот и статусот на пензионерите во нашата држава.
Со новата Методологија за постојан раст на пензиите се опфатени 330 000 пензионери, која што овозможува пензијата да се усогласува 2 пати годишно согласно 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата. Таа истакна дека ефектите од измените од законот за пензиско осигурување, пензионерите ќе ги воочат на крајот од септември каде ќе добијат од 7 до 10 проценти повисока пензија од моменталната.
Нашата цел до крајот на овој мандат е и да достигнеме до 50% вклученост на децата во детските градинки. Во моментот постојат 81 јавна установа за деца кои што ги финансира државата и 41 приватна детска градинка. Од 2017 година до денеска имаме изградено 71 нов објект за вклучување на децата во предучилишното образование од кои 13 се нови правни лица од општини каде што не постоеле воопшто градинки односно во руралните средини..Најголема е листата на чекање на децата во Скопје и затоа општините на Град Скопје треба да доставуваат проекти за да може Министерството за труд и социјална политика да го финансира градењето на градинките како и платите на вработените. Тренчевска посочи дека до крајот на 2022 година ќе бидат отворени нови 13 објекти кои што се веќе во завршна фаза.
Во насока на темата правилен детски развој е и новата апликација „Bebbo“ која како што истакна Тренчевска тоа е апликација воспоставена заедно со Министерството за здравство и Министерството за образование и служи за насочување на родителите и стручниот кадар во градинките за позитивни практики со децата од 0 до 6 години. Апликацијата содржи одговори на многу прашања со проверени информации за родителите. Може да се следи вакцинацијата и здарвствените прегледи на децата. Симнувањето на апликацијата е бесплатно додека за нејзиното користење не е потребен интернет.