Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ШТО ИМ Е НЕЈАСНО НА МАКЕДОНСКИТЕ ТРАМПОВИ ПОЛТРОНИ?

June 17, 2026 Filed Under: Колумни

 ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Полтронството на вмро кон Трамп е токму на основа на матното трансакционерство, а фразата „стратешко партнерство” ја користи како маска за намерата за матно трансакционерство со матните американски трансакционери – на државно ниво меѓу двете страни

Тоа што вистинскиот претседател на Македонија ја разоткрива матната трансакциона „политика”, како што ја нарекува – и ја карактеризира ВРЕДНОСНО? Имаат ли мага-вмро доволно мозок за 3 и пол минути да ја разберат оваа лекција?

Полтронството на вмро кон Трамп е токму на основа на матното трансакционерство, а фразата „стратешко партнерство” ја користи како маска за намерата за матно трансакционерство со матните американски трансакционери – на државно ниво меѓу двете страни.

Оттаму и дел од матноста – ако е државно нивото, тогаш не може да е приватно. Ако листата за санкции е вредносна (тоа само држава може да го направи), тогаш не може да се плати за отстранување. Договорите за гасоводи не се за олигархијата, туку се за граѓаните на државите.

Вмро и мага/трамп се на исто ниско вредносно и ниско цивилизациско ниво:

Државата концептуално ја третираат како корпорација, а политичарите се задолжително ниско-вредносни неолиберални трансакционисти. Тоа е стриктно АНТИЕВРОПСКА вредносна ориентација, на штета на граѓанството, и токму тука ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА СЕ ОСВЕСТАТ дека вмро/мага се спротивни на нивната сопствена добробит! Еднакво се глупави за себе мага и приврзаниците на вмро! Се приврзуваат за површни култни елементи против себе, а во интерес на олигарсите коишто се олигарси на нивна, граѓанска сметка! Со цедење на буџетот и ускратување на граѓанските и социјални услуги!

Европските принципи се демократски и социјални. Тоа е за граѓанството. Опозицијата мора да е ВРЕДНОСНО ОРИЕНТИРАНА најмалку кон социјал-демократија, но пожелно е повеќе – кон демократски социјализам.

Феноменално интервју со Претседателот Пендаровски, а овој дел за вредносната ориентација го истакнувам во моментов.

(текстот е објавен на ФБ профилот на авторката)

Filed Under: Колумни

ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР НА ГРОБАРИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
СУСПЕНЗИЈАТА ВО ВИЛАТА „ВОДНO“ ОТВОРА МНОГУ ДИЛЕМИ
ЗАГРОЗЕН ПРОЕКТОТ НА КУШНЕР И ИВАНКА НА ЈАДРАНОТ
КОМЕТА ЗАТАЛКАНА ВО ЖАНРОВСКАТА ЕДНОЛИЧНОСТ НА НАШИОТ ТЕАТАР
БИОГРАФИИТЕ НА ВИДНИ ВМРООВЦИ ОРУЖЈЕ НА БУГАРСКАТА КОНТРА-КАМПАЊА

Најново

  • ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР НА ГРОБАРИТЕ НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
  • СУСПЕНЗИЈАТА ВО ВИЛАТА „ВОДНO“ ОТВОРА МНОГУ ДИЛЕМИ
  • ЗАГРОЗЕН ПРОЕКТОТ НА КУШНЕР И ИВАНКА НА ЈАДРАНОТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet