Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

AНАЛИЗА: СE НАМАЛУВА БРОЈОТ НА СТУДЕНТИ ВО ЗЕМЈАВА

July 21, 2021 Filed Under: Македонија

Во РСМ има се помалку бруцоши, ама и дипломирани студенти!

СТУДЕНТИТЕ НЕ СЕ МНОЖАТ Младите си заминуваат во странство и за учење

АНЕТА ДОДЕВСКА

Пет академски години по ред – намалување на бројот на студенти во Македонија. Анализата на податоците што ја направи „Порталб“ покажува дека последен пат незначителен пораст на вкупниот број на студенти имало во академската 2014/2015 година , оттогаш има  намалување. Но, статистиките укажуваат  и на друг негативен тренд – се намалува бројот на дипломирани студенти, но и на дипломци со повисоки образовни титули.

„Да, точно е дека изминатите години се намалува бројот на студенти во земјава. Причината секако не е намалениот интерес за надоградување на образованието туку „белата чума “ која веќе го зарази и високото образование. Се почесто се соочуваме со ситуации кога студентите во текот на студирањето ја напуштаат земјава и образованието, воопшто живото го продолжуваат во странство.  Не се намалува само бројот на запишани студенти, туку веќе се соочуваме и со намалување на бројот на новозапишани студенти  – обајснува  универзитетски професор на еден од факултетите по природни науки, дециден дека намалувањето на бројот на студенти е директна последица на „одливот на мозоци“.

Ланската академска 2020/2021 ва година во земјава на сите високообразовни институции имало  50 881 студент што е за 1,7% помалку во однос на бројот на запишаните студенти во 2019/2020 та.

ОВА ВЕЌЕ НЕ Е ПРОФИТАБИЛЕН БИЗНИС Некогаш отворањето на високошколска устаниова значеше голем профит

Број на студенти             % во однос на претходна година

 

2020/2021                      50 881                                               -1,7%

 

2019/2020                       51 734                                               -3.6 %

 

2018/2019                       53 677                                               -5.7 %

 

2017/2018                       56 941                                                -2,0%

 

2016/2015                        58 083                                               -3,0%

 

2015/2016                       59 865                                                 +0,9%

Од вкупниот број на студенти во академската 2021/2021 та година 42 631 студирале на државните високообразовни институции додека 7 905 студирале на приватните високообразовни институции. Најголем број или 22 489 студирале на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, 3 485 на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, 307 на Универзитет за ИТ – Охрид, 7 631 на Универзитет во Тетово и 60 студенти на Верски факултет.

Во академската 2020/2021 та во однос на 2019/2020 та не е регистран само пад на вкупниот број на студенти, туку и намалување на бројот на запишани студенти во прва година на студии за скоро 1 400.  Компаративната анализа покажува дека од академската 2015/2016 та година бројот на запишани студенти во прва година ( вклучени и студентите кои по втор,  трет и повеќе пати запишуваат прва година) е намален за 5 587.

Број на студенти запишани во прва година

 

2020/2021                                                     12 365

 

2019/2020                                                     13 701

 

2018/2017                                                     13 931

 

2017//2018                                                   15 094

 

2016/2017                                                     16 710

 

2015/2016                                                      17 952

Медицинските , економските и правните науки и натаму остануваат најатрактивни научни сфери за новите студенти – со најголем број на запишани “бруцоши“.

Се намалува бројот на запишани студенти – се намалува борјот на дипломирани.  Лани во земјава на сите високообразовни институции, и државни и приватни, дипломирале 6 907 што е за дури 12,3% помалку во однос на 2019 та година.  Во 2019 та пак во споредба со 2018 та година бројот на дипломци е зголемен за 2,2%.

Во 2020 та намалување има и на бројот на магистри и специјалисти – лани со оваа титула се стекнале 1 758 лица што е за 8,2% помалку во споредба со 2019 та година. По регистрираниот тренд на намалување на бројот на студенти, на магистри, специјалисти, статистиката очекувано регистрираше и значајно намалување и на бројот на „доктори на науки“. Во 2020 та година оваа престижна тутула ја стекнале 174 лица што е за 14,7% помалку во однос на 2019 та година.  Сите овие трендови се последица на демографскиот проблем со кој се соочуваме повеќе од една деценија – иселувањето, особено на младите луѓе кои личната и професионална перспективата ја гледаат и ја бараат надовор од земјава

Filed Under: Македонија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet