Архитектот Ангел Ситновски Бојс е секако една од централните фигури во градот кој може многу да раскажува за тоа како Универзална сала е насвор од некаков систем на вредности а повеќе е игра на политичарите со емотивниот епицентар на убавите спомени на скопјани за нивниот град
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Сите собитија со големите градби од постземјотресно Скопје, се читаат и од загриженото лице на архитектот Ангел Ситновски Бојс, кој може доста да раскажува за отсуството на концепт во односот на политичките фактори за овој период, во кој активно живееме кон урбаните вредности. Но дали и учествуваме? Посебно дали сме дел од одлучувањето за опвој период или сме само маса со која треба да гласа за овој или оној политичар?
Да бидеме веднаш конкретни – Бојс,. како што го знаат оние кои се сретнуваме со овој доста активен сограѓанин е пред се врзан за проектирање на објекти кои допираат до нашите емоции. Еден од нив е Универзалната сала, во мигот обвиткана со тараби, а вториот е Националната универзитетска библиотека.за која минатата недела имаше бројни вести во главните медиуми. При тоа се случува како во некое рондо – постојани повторувања: Бојс почнува со идеен проект, некогаш оди и понатаму а потоа истиот или се прекинува или се оди со концептуална промена. Идентични собитија, како во копир машина,, како во време кога зад овие потези стои ВМРО ДПМНЕ, но така и за време на СДСМ (!), кој ги привлекуваше гласачите со идејата дека ќе ја спасува Универзална. Политиката ќе опстои во добрите и погрешни потези а клучните, стручни играчи, локомоторите на потезите што треба да спасуваат ситуации, какио онаа со руинирањето на Универзална, како што е Бојс едноставно извисуваат на срамен начин!
Бојс кажува дека од страна на градоначалникот Пенов своев ремено добил повик да направи идеен проект со кој би се сочувала функционалноста на Универзална. Но, времето бргу минува, промената во градоначалничката фотелја довела до тоа идејниот проект да не доживее свој континуитет.
Има многу осцилации потоа, во периодот кога власта во земјата ја зема црвено-црната коалиција. Онаа кога за се’ решаваше сега побегнатиот осуденик Никола Груевски а како втора виолина стоеше до него ексминистерката за култура Елизабета Канчевска Милеска. Тука имаше, за нив пишуваше и Глобус, многу пресврти, најчесто контрадикторни – отпрвин се одеше кон амбициозна реконструкција на Универзалнна сала. Потоа тој проект се поништи а се отиде кон нов, познатото „Јајце“, за по некое време да имаме враќање назад – кон првобитниот проект…
Најпрвин, во предизборната кампања на идниот градоначалник Коце Трајановски (да речеме дека во та претстава беше „трета виолина“) обновата на Универзална сала имаше значајна програмска позиција. Власста беше свесна дека постои силна емотивна врска меѓу истрошената зграда на Партизанска и гласачите. Логично било за идната ивестиција да се повика стариот идден проектант Ангеле Ситновски Бојс. Работата изгледала сериозна, дури го повикал и самиот премиер Груевски.
– Тој веднаш ме праша колку луѓе би собрала реконструирана зграда на Универзална. Му реков дека со изградба на уште еден „прстен“ околу габаритот на сегашната сала од 1.700 би можеле да се сместат 2.100 лица. Тој беше видливо незадоволен. Инсистираше на тоа да се прави проект за 5.000 посетители – се сеќава архитектот.
Му објаснувал на премиерот дека во тој габарит не може да се прават „чуда“ и дека Универзална мора да се гледа во рамките на постојната урбана целина. Груевски му рекол дека тоа не треба да биде негова грижа, дека треба да се градат подземни гаражи, ако треба. Но, Бојс одговорил дека подземните води во градот се на 6 метри под површината е тоа факт кој мора да се цени и кај гаражите.
Инаку и тука постои завршена проектна задача која е валоризирана од Општина Центар во 2008 година. Но, очевидно се одело на покрупен објект (можеби за таму да се држат политички митинзи!). Доаѓа проектот Јајце, кој предвидува, на пример, постоење на галерии на пет нивоа ()!) што е неспоиво со правењето на акустика за приредби и настапи од областа на естрадата и културата, вообичаени за овој објект и на какви сме навикнати. Потоа, додава Бојс, тешко е во објект со таква форма воопшто да се мисли на акустика…
Првобитниот проект во вмроовска ера кој го прави овој архитект требал да чини 7 милиони евра а Јајцето десе пати повеќе – 77 милиони евра. Дали и ова не го дава одговорот зошто се оди кон некаков нов „спектакл“? Јасно, новиот проект не е дел од некакви задачи за Ситновски.
Практично за тиер пари и не се доби кој знае каков нов простоер – Јајцето ќе може да собере максимум 3.000 посетители, со тоа што ќе има и варијанта за правење на скусена – мала сала за 300 гледачи. Проектанти се Стојан Павлевски и Иван Симеонов а комисдијата за избор на проект ја води познатиот Вангел Божиновски. Јавноста беше изненадена што се избира нешто што не е барок, но Божиновски во изјавата за медиумите вели дека тоа само било „нов вид на барок“! Впроечем проектот е наречен Конгресен центар „Александар Велики“ (2013 г.) и за него во стартот се одвоија 400 илјади евра.
Но од овој проект, по малку индискретно, беше сопрен, наводно заради заштеда на средства. Министерството за култура веќе заглави со изградбата на Филхармонијата, каде постоеја големи ненамирени трошоци. Имаше дури и рикверц во форма кон враќање на првобитниот проект, само што тогаш се увиде дека нема толку долг мандат кој е доволен да се заврши било кој проект на оваа естрадна сала.
Во меѓувреме на Бојс му пропаѓаат 7.000 евра што морал да ги даде како гаранција, демек дека мисли сериозно (!) кога се зафаќа на правење ново-стар проект а бидејќи проектот во еден миог замира заради вина на Владата на Груевски, парите му пропаѓаат… Ситновски објсснува дека во малку подолг судски епилог сепак ги враќа парите, сосе камата добива 10.000 евра. Но, ете стигнува и осветата – веднаш му испраќаат
инспекторка од УЈП која мора да го казни и тоа со 12 илјади евра… Индикативно е дека по враќањето кон старата идеја цената на реконструкција скокнала за 100 отсто – од 7 на 14 милиони евра.
Потоа доаѓа политичката промена – во 2016 година победува нова коалиција а во 2017 година на кормило на градот доаѓа Петре Шилегов.
Ситновски вели дека новиот градоначалник го викнал на стартот на својот мандат да разговараат за обнова на Универзална. Бил прашан колку време му е нужно за правење нов проект. Се чини дека постои волја за што побрза обнова на споменатиот објект и исполнување на „заветот“ од изборите. Се направила финансиска конструкција, се избришало името Конгресен центар а се што претходно е проектирано е прогласено дека било „надвор од секаква процедура“ и т.н. Но, тогаш доаѓа оној ефект на рондо, што го споменавме од кој не побегна ниту Шилегов. Ама тоа е само повторно ставање на грамофонот на старата плоча! – Униврзална сала ќе се сели на некаде надвор од градот иќе бде во поголем обем….
Во еден текст објавен на порталот marx.mk во тој миг го наоѓаме текстот кого го цитираме.
„Никој не го разбира континуитетот, ниту историски значајните моменти на одлука помеѓу тоа. Сите локални власти имаат оправдување за своите чекори, без сериозно организирани дебати, пред да се донесе одлуката, бидејќи им чука часовникот кој им е со ограничено времетраење од 4 години, додека градот има милениумски континутитет. Значи не сме му дораснати да размислуваме за неговата иднина, туку ја гледаме сегашноста во тие неколку години. Веќе утредента, најавуваме рушење на Универзалната сала, најголемиот симбол на таа хуманост, воиграна со „добрата мисла“ да се остави сепак по рушењето – урбана археологија преку функцијата на „Летна сцена“. Апсурд! Прво осудувате на смрт, а потоа го плаќате скапиот погреб од грижа на совест…“
Рондото не рпестанува. Потоа под притисок на јавноста доаѓа повлекувањето на идејата на поголема сала, некаде на некоја полјана со многу хектари. Во ова видено сценарио се добива и соодветна порака од јавноста, на која сепак, сите политичари се чувствителни, особено пред следните избори кои забрзано се приближуваат. Скопјани рекоа „не“ на вртењето на грб кон нивната Универзална, го доживеаа како издајство на нивните емоции, особено од некого од тоа не го очекувале.
Шилегов се обиде да се врати кон старата идеја, за да ги поправи работите. Овој рикверц се закити со еден мини-спектакл со наводно подарениот прокет за ново-старата Универзална. Видовме некаков мини-филм, не осознавме ништо специојално ново…Проектант е Бујар Мучо, кој тврди дека е навикнат на такви подароци. Тука беше и премиерот Заев да даде странична подршка, да потроши нешто од својот авторитет на одбраната на цик-цак однесувањето на Шилегов.
– Што ќе биде ново и што се подаруува – коментира Бојс. – Во сите институции стојат моите проекти во аутокад верзија и со илјадници корисни податоци. Доволно е што ги има оние од предмерот на просторот… – резигнирано вели Ситновски.
Неговата позиција е дел од постојаната практика на рушење на идентитетот на овој град. Од често и бизарни причини се посегнува по тој идентитет што Ситновски се обиде да го спаси. Оние кои доаѓаат по политичките смени отпрвин го бараат него, но потоа преовладува некоја друга логика, дури и кога кај идниот инвеститор постои „посипување со пепел“.