Некрофилијата не е забележана во Македонија па и пошироко. Злосторствата во кумановско, за кои почнува судење за сторителот, велат дека секогаш постои прв пат. Како од цел Балкан токму во „најбезбедната земја“ се случи премиерата на вакви грозни форми на убиства? Или поточно како нашите истражни органи направија сериозна негрижа кон појава која за малку ќе останеше незабележана?

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Ако се верува во зборовите на јавниот обвинител Љубомир Лапе дека ваков случај на убивање на жени заради сексуално изживување над нивните тела не е забележан во судската практика во Македонија ама и во некогашна Југославија (!), тогаш се чини дека барем во областа на нови форми на злосторнички криминалитет сме станале „унуикатни“. Ова секако бара одговор на прашањето зошто сега и кои се тие нови околности кои не водат подлабоко во темните коридори на злосторствата направени од нематеријален мотив!
Повод да размислуваме за ова е започнатото судење за сериските убиства во Старо Нагоричане, за кои е обвинет Трајче Бојковски. Судењето за извршени четири убиства и две убиства во обид почна во Основниот суд Куманово, каде обвинетиот се изјасни дека не се чувствува виновен. На почетокот на рочиштето тој не одговарал веднаш на прашањата на судот, гледал кон таванот и испуштал неконтролирани звуци, по што била дадена пауза. Подоцна расправата продолжила.
Некрофилија, спомената и од обвинителот – уште нарекувана танатофилија и некролагнија, е парафилија што се одликува со човечко сексуално привлекување кон мртви трупови. Зборот е вештачки создаден од старогрчки: νεκρός (nekros; „труп,” или „мртов”) и φιλία (philia; „љубов”).
Она за што се товари Бојковски е според литературата типична некрофилија, каде имаме убиство (во слулајот убиства и овид за убиства) и користење на мртвото тело за сексуално задоволување. Постои и примарна некрофилија, кога веќе мртвото тело се користи за сексуално задоволување а постои категорија на некрофилна фантазија – кога постои само контакт со мртвото тело, но без сексуален чин. Последната категорија е лажна некрофилија – возбудување над телп ое не е мртво, но се замислува дека е, што се третира и како форма на садизам.
Некрофилијата според најновата класификација на болестите ICD-10 спаѓа под точка F65.8 – Парафилија, пореметување на сексуално привлекување. Се мисли дека многу често склоните кон некрофилија пројавуваат и симптоми на други психички болести како: параноја, тежок социјален контакт со луѓе, недостиг на емпатија и тоа се слики и за животот на обвинетиот Бојковски. Селаните го знаат како молчалив, некомуникативен немтур кој денот го минува шетајќи со велосипед по локалните населби, каде ги одбирал жртвите. Тие требало да бидат осамени, подостарени жени, каде отпорот кон потенцијалниот напаѓач би бил без шанси за успех.

Од некои изнесени факти во јавноста се гледа дека тој лесно одустанувал од напад ако забележал дека жрвата има некој роднина кој ја посетува или дека има чести контакти со некого кој и е близок. На судењето треба да сведочат две преживеани жени кои ќе кажат детали за начинот на кој се одвивал нападот врз нив. Во јаноста излезе една сторија за тоа како едната од нив почнала да извикува име на божемниот присутен близок човек во соседната просторија, па Бојковски без премислување побегнал од местото на настанот.
Во основа тоа е социјално изолиран ворасен човек кој како да бара начин да и се освети на онолината која не го примила на начин на кој би бил социјално видлив и кој најпрвин ја избира најлесната цел за своевиден „реванш“.
Значи зошто некрофилијата се јави кај нас. Една од причините за оваа појава е секако множењето на стари лица кои живеат осаменички и тоа онаму каде нема установи за нивно колективно згрижување. Еднаш имам напишано сторија (20009 година) за постојаното ограбување и сериозно малтретирање, при тоа од некоја организирана група во прилепско. Таму криминалците постојано, најчесто на пазарите, дознавале кое постаро лице ќе добие пари, да речеме од продажба на добиток, и потоа го следело, за во пригодно време (ноќе секако) тоа или тие (маж и жена) биле врзуивани, се што е вредно им одземано, но биле цел на цели сеанси на измачување!
На прашање за социјалните служби зошто тие не се земани во старечки домови одговорот беше дека нема доволно слободни места, потоа дека таквите лица сакаат едноставно да умрат во својот дом ама како што дознав често за нив се бара да имаат и некаков „жирант“ од помлади лица кој или кои во многу критичен момент (многу тешка болест) би го презел кај себе или барем би го посетувал одвреме-навреме, би бил врска со надворешниот свет. Моја сугестија тогаш и во написот беше да се прават барем дневни центри кде тие осамени лица или двојки би престојувале дневно, би добивале храна и облека, но и би се дружеле а ако веќе се толку врзани за домот во кој се родени таму да одат само ноќе или за празник. Центрите би биле врзаниза повеќе населби од околината и би имало организиран превоз. Би се јавила социјална интеракција меѓу население кое е во сличчна ситуација и кое едноставно е препуштено самно на себе.
Со масовното иселување на населнието од земјава бројот на домаќинства од таков, незаштитен тип се намножува, па имме села во кои живее едно или две такви домаќинства а каде старците одвај се движат и не можат да побараат помош за ништо.
Просто за сериозно злосторства и за некрофилија постои плодно социјално тло, постои предивизвик за изживување врз тие лица. Инаку таа година кога го посетив Прилеп со фотографот Солев, кој направи извонредни фотографии за ваквите домаќинства, од обвинителството дознав дека форми на групен садизам врз осамени старци или старици е многу е позачестен и за тоа јавноста многу малку или воопшто и не знае. Основен предизвик за таквите главно садо-мазо изживување се празниците како Нова година дури во центарот на Прилеп, каде се почесто станарите многу малку или нималку не контактираат меѓу себе!
Иако општествено неприфатена, и се смета дека е многу ретка, сепак досега има извесни значителен број случаи на некрофилија.Дали е тоа единствен случај кај нас, како што смета обвинителот Лапе не е познато заради односот на истражните органи кон жртвите на споменатиот Бојковски. Нкеолку жртви, да не заборавиме, се погребани како да умреле по природен пат, без врз нив да се обави соодветна обдукција! Значи имаме втор услов за појава на криминални дејствија кон осамени старци кои живеат најчесто на село заради несватливиот немарен однос (ова не е најсоодветен израз, признавам) на официјални органи а уапсениот и обвинет Бојковски се најде зад решетки заради оние негови жртви каде дејствието не е довршено, односно тие го преживеале нападот! И од почетокот не биле сваќани серриозно од надлежните со своите сведоштва а сега е најавена истрага и за нив. Да се дозаокружи сторијата за „најбезбедна држава“ во нашата историја.




