Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МУСЛИУ: ДИМИТРОВ НИКОГАШ НЕ БИКЛ ПОЛИТИЧАР, ТУКУ ДИПЛОМАТ

January 25, 2022 Filed Under: Македонија

Неговите изјави се неумерени, смета овој аналитичар. Особено ако водата все врти околу констатацуијата дека не заслужува доверба бидејќи е Албанец

МУСЛИУ Албанците –амбасадори во Бугарија секогаш влечеле храбри посети

За мене беше изненадување вчерашната прес-конференција на Никола Димитров. Тој никогаш не бил политичар, туку бил дипломат, така што за дипломат таквите зборови кои ги кажа вчера се неумерени, вели во „

Утрински брифинг“ аналитичарот Алберт Муслиу

Тој е креатор на Преспанскиот договор и на договорот со Бугарија. Да се врти водата дека се нема доверба во Бујар Османи, бидејќи е Албанец е најпогрешен пристап, рече Муслиу.

Тој додаде дека во случајот се работи за лични суети или пак за политички амбиции зошто друго толкување според него нема.

-Нашите искуства покажуваат дека дури и амбасадори во Бугарија кои сме ги имале, најхрабри потези во интерес на македонската заедница правел амбасадор кој бил Албанец, дециден е Муслиу.

Ова е последна година на мандатот на претседателот на Албанија, Мета и неговиот однос со сегашната Владата на Еди Рама е лош и таму треба да има гласање за негова смена. Мене ми беше чудно што и досега немаше посета во Македонија од негова страна. Тој е еден од најстарите политичари на Балканот, изјави во Утрински брифинг аналитичарот Алберт Муслиу.

-Тој ги знае сите политички структури на Балканот и мислам дека со неговата посета се трудеше да остави некое чувство на неутралност и незаземање страна во однос на политичките партии во земјава.

-Неговиот однос во нашиот спор со Бугарија беше коректен. Не зазема страна, но се залага и за интересот на албанската заедница и на Македонија во однос на целиот еу-интегративен процес, вели Муслиу.

-И за мене беше изненадување вчерашната прес-конференција на Никола Димитров. Тој никогаш не бил политичар, туку бил дипломат, така што за дипломат таквите зборови кои ги кажа вчера се неумерени.

-Да се врти водата дека се нема доверба во Бујар Османи, бидејќи е Албанец е најпогрешен пристап.

-Нашите искуства покажуваат дека дури и амбасадори во Бугарија кои сме ги имале, најхрабри потези во интерес на македонската заедница правел амбасадор кој бил Албанец.

 

Filed Under: Македонија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet