Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПАНАЈОТОВ. БУГАРИЈА СИ ДОЗВОЛУВА „АЈДУКЛУК“ В ОДНОС НА ЕУ

December 1, 2020 Filed Under: Македонија

Атмосферата во Бугарија е таква што дури и интервјуто на Заев се смета за недоволно, иако тоа е непријатно за македонаската јавност! – вели истакнатиот бугарски професор за „Утрински брифинг“

СТАНИМИР ПАНАЈОТОВ Каракачанов е одраз на историска школа во Бугарија, која за жал не може да гледа во иднината

Политичката психологија во Бугарија во моментов не е спремна на ништо помалку од некој тип на садистички однос. Во таа смисла интервјуто на Заев не е ни доволно радикално од бугарска перспектива. На некој начин може да се гледа како некој тип на додворување на бугарската позиција, но ако ги гледате ставовите на Каракачанов, ова не е доволно за бугарската страна, колку и да непријатно звучи за македонската јавност, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Станимир Панајотов, постдокторант во Центарот за академски истражувања во Софија и визитинг професор во Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје.

ЧУДЕЊЕ Вие во Македонија се чудите како имаме политичар како Каракачанов, а ние пак се лудиме како дозвоте со вас толку долго да владее Груевски – коментира Панајотов

– Во текот на транзицијата имавме разно-разни типови на национализми и популизми. Исто како што се прашувате за „феноменот“ Каракачанов во Бугарија, за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија сите во Бугарија се прашуваа како може да го имате Груевски. Значи прашањето е како е можно генерално на Балканот да се нема голем поглед на историјата. Каракачанов е одраз на историска школа во Бугарија, која за жал не може да гледа во иднината. Историјата не е нешто што треба да гледа само во минатото. Може да не ни се свиѓа Каракачанов, но за жал тоа е мејнстрим позицијата во Бугарија. И колку да е чудно и непријатно тој зборува како репрезент на бугарската политика, вели Панајотов.

– Се работи за внатрешно-политичка анксиозност која има историски корен, но најбитно е дека ветото и неговата внатрешно-политичка историја има сопствена ситуираност во конкретниот момент и тој конкретен момент е погоден за тоа вето. Во конкретниот историски момент околностите и дозволуваат на Бугарија да може дипломатски да се изживува преку ситно-колонијален тип на политика и дипломатија. Едноставно, лоша е ситуацијата за Северна Македонија, погодна е ситуацијата за такво вето, ситуацијата на ЕУ е доста лоша и Бугарија може да демонстрира „хајдуклук“, вели Панајотов и додава дека ова нема да и се исплати на Бугарија, бидејќи е осамена во своите ставови.

Filed Under: Македонија

ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“
„МАЧКИНА ГЛАВА“ НА ДРАМСКИ НА СТАРТОТ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЧЕРНОДРИНСКИ“
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (178): ВO ИДНИНА НЕМА ДА ИМА ПРЕКРАСНА РУСИЈА

Најново

  • ВЛАДАТА НИ НАЈДЕ АЛТЕРНАТИВА – ЌЕ СИ СЕДИМЕ ДОМА, КЕРОЗИНОТ НЕ НЕ’ ЗАСЕГА
  • МАКИТЕ ПО ФИЛКОВ
  • КАКО БЕШЕ САБОТИРАНА ИСТРАГАТА ЗА КОРУПЦИЈАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПРУГАТА ЗА „БРЗИ ВОЗОВИ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet